Дел од гасоводот „Силата на Сибир“.
Валериј Шарифулин/ТАСС„Гаспром“ има изградено досега околу 979 километри од гасоводот „Силата на Сибир“, а до крајот на 2017 година ќе бидат изградени над 1300 километри. Ова се наведува во соопштението што го пренесува „Газета.ру“.
Се прецизира дека изградениот дел на гасоводот изнесува 45% од вкупната должина на примарната делница од Чајандинското поле до Благовешченск.
„Почетокот на производството на гас на наоѓалиштето (во Чајандинск) ќе биде синхронизирано со пуштањето во работа на „Силата на Сибир“, додаваат од „Гаспром“.
Претходно генералниот директор на компанијата „Гаспром трансгас Томск“ Анатолиј Титов го информираше претседателот на Русија Владимир Путин дека заварувањето на цевководите е завршено на 53% од должината на магистралниот гасовод „Силата на Сибир“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче