Министерството за одбрана на Русија наведе три „сили на злото“ во светот

На средбата во Астана претставниците на ШОС дискутираа за подготовка на заеднички антитерористички маневри „Мировна мисија 2016“.

Министрите за одбрана на државите-членки на Шангајската организација за соработка  (ШОС) се договорија да се борат со трите „сили на злото“ – тероризмот, екстремизмот и сепаратизмот, изјави заменик-началникот на рускиот одбранбен ресор Анатолиј Антонов.

Според зборовите на Антонов, учесниците во разговорите изразиле увереност дека присоединувањето на идните членки на ШОС за воената соработка „ќе послужи како важна насока за зацврстување на заемната доверба“.

Антонов исто така истакна дека координацијата на дејствијата е особено важна во услови на „растечка закана од меѓународниот тероризам и религиозниот екстремизам“.

На средбата во Астана претставниците на ШОС дискутираа за подготовка на заеднички антитерористички маневри „Мировна мисија 2016“ кои се одржуваат секои две години. Годинава маневрите првпат ќе се одржат на територијата на Киргизија, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња