Tinkoff Digital влегува во мобилниот бизнис

Олег Тињков. Извор: Комерсант.

Олег Тињков. Извор: Комерсант.

Компанијата ќе ја лансира првата RTB платформа за смартфони во Русија.

Информацијата за тоа дека Tinkoff Digital (TD) ќе ја лансира во Русија првата мобилна платформа MADNET, создадена врз основа на RTB технологијата (аукција на реклами во реално време) ја потврди генералниот директор на TD Ана Знаменскаја. Според неа, TD е првиот партнер на Гугл во Русија, кој ќе купува по RTB реклами во системот Google DoubleClick Ad Exchange (в април 2007 година Гугл ја купи DoubleClick 3,1 милијарда американски долари). Освен тоа, TD склучи договор со меѓународни рекламни мобилни мрежи како што се Smaato, MoPub, Mobclix, Hunt Mobile Ads. Во развојот на мобилниот проект TD, коинвеститорите Олег Тињков и Goldman Sachs, вложија околу 3 милиони американски долари. 

MADNET го агрегира целиот мобилен трансфер од програмата на платформите iOS, Android и Windows Phone, на веб-сајтовите. Освен тоа, платформата развива сопствена рекламна мрежа. Основен доставувач на трансферот на мобилна реклама ќе бидат меѓународните мрежи кои работат исклучиво со програми за смартфони. На тој начин, MADNET ќе им нуди на своите клиенти висококонвертирачки смартфонски трансфер, велат во TD.

Според оценките на TD, во моментов нивниот рекламен капацитет е 2 милијарди прикажувања месечно, прогнозата за мај е на 5 милијарди, а кон крајот на годината повеќе од 15 милијарди прикажувања. 

Основни проблеми во Русија сега се раситнетоста на закупот на мобилниот трансфер и малиот рекламен капацитет, објаснува госпоѓа Знаменскаја. Според неа, постојат големи платформи, како што се „Јандекс“, Mail.ru, Avito.ru, а постојат и мали, но доходовни сајтови, кои се продаваат преку препродавачи, а постои и огромен пазар на трансфер во мобилните програми за смартфоните. „Никој не нуди ваков вид трансфер во Русија“, додава Ана Знаменскаја. Според оценките на TD, во моментов нивниот рекламен капацитет е 2 милијарди прикажувања месечно, прогнозата за мај е на 5 милијарди, а кон крајот на годината повеќе од 15 милијарди прикажувања, а повеќе од 90% од нив ќе отпаднат на смартфоните на база на iOS и на Android. 

Во 2013 година пазарот на RTB ќе изнесува околу 100 милиони американски долари, при што растот во 2014 година ќе биде не помалку од 100%, смета Ана Знаменскаја. “Ние тука гледаме огромен потенцијал, во моментов публиката на мобилниот Интернет изнесува повеќе од 50% од веб-публиката и таа расте со огромно темпо“. До 2015 година пазарот на RTB во Русија ќе достигне 720 милиони американски долари и ќе заземе 18% од целиот руски пазар на Интернет-реклами, кој се проценува на 4 милијарди американски долари, прогнозира истражувачката компанија eMarketer. 

Рекламата на смартфоните е привлечна поради најмалку две причини: нарачателите на реклами ќе можат да им ја пренесат својата порака на публиката со повисока платежна способност, а освен тоа, таа дава широк избор на начини за предавање на рекламата, во кои влегуваат како обични банери така и rich media (технологија на подготовка на рекламни материјали, при која обично се користат Flash и JavaScript), смета раководителот на одделот за рекламни технологии и автоматизација на SUP Media Дмитриј Карманов.


Загрижува и динамиката од 2 милијарди прикажувања до 15 милијарди за половина година, имајќи предвид дека во основа станува збор за трансфер од Русија кон странски ресурси, кој физички не може да расте со толкава брзина.

Алексеј Катков

директор на Mail.ru Group

TD може да се судри и со проблеми, предупредуваат експертите. „Нашите оценки за мобилниот пазар на RTB во одредени сегменти се разликуваат од оценките на TD: со квалитетот и количеството на трансфер кој е достапен преку укажаните системи, не можат да се соберат парите што ги наведува TD, уверен е заменик-претседателот и комерцијален директор на Mail.ru Group Алексеј Катков. –Загрижува и динамиката од 2 милијарди прикажувања до 15 милијарди за половина година, имајќи предвид дека во основа станува збор за трансфер од Русија кон странски ресурси, кој физички не може да расте со толкава брзина“. Постојат и технички тешкотии во барањето на уникатност на корисникот во разни рекламни мрежи (секоја мрежа го пресметува својот уникатен корисник, иако физички тоа е еден уред), во пребарувачите и во програмите, предупредува господин Карманов. 

Поподробно на сајтот

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.