- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Увертирата на филмот „Децата на капетанот Грант“
Композиторот Исак Дунаевски ја напиша оваа увертира за филмот снимен по романот на Жил Верн. Тој ја доживуваше како едно од своите најуспешни достигнувања.
Увертирата ја отсликува целата содржина на филмот: шармот на патувањето во неистражени земји, опасностите кои демнат на патот и уверувањето дека авантурата ќе биде возбудлива. Композиторот Дмитриј Шостакович ја нарече „симфониско остварување со висока напнатост и темперамент“.
2. „Излезниот марш“ од филмот „Циркус“
Со звуците на маршот на циркускиот манеж излегува американската актерка Марион Диксон, која допатувала во Советскиот Сојуз со својата точка „Патување до Месечината“.
Музиката од филмот, во кој главната улога ја игра Љубов Орлова, стана толку популарна и сакана кај народот што композиторот Исак Дунаевски за неа ја доби Сталиновата награда во 1941 година.
3. Валцерот од филмот „Мојот мил и нежен ѕвер“ („Мой ласковый и нежный зверь“)
Режисерот Емил Лотеану сакаше во филмот да стави музика од XIX век. Меѓутоа, не можеше да најде ништо соодветно. И тогаш композиторот Евгениј Дога за една вечер компонираше валцер, импровизирајќи на пијано. Кога го слушна филмската екипа, не можеше да поверува дека таа истенчена мелодија била создадена само неколку часа претходно.
4. Валцерот од филмот „Пази се од автомобилот“ („Берегись автомобиля“)
Музиката на Андреј Петров е вистински бисер на трагикомичниот филм за агент на осигурување кој краде автомобили од шпекуланти и подмитувачи.
Додуша, композиторот раскажуваше дека неговата соработка со Ељдар Рјазанов започнала „од погрешна нота“. Имено, на режисерот на почетокот воопшто не му се допаднала музиката. И кога го замолил Петров да ја отсвири мелодијата од неговиот втор филм „Шетам по Москва“, се покажа дека не му се допаѓа само авторскиот начин на изведување.
5. „Снег над Ленинград“ од филмот „Иронија на судбината“
Оваа мелодија на Микаел Таривердиев можете да ја слушнете секоја година на 31 декември.
Тогаш на телевизија се прикажува филмот на Ељдар Рјазанов, во кој пријателите по грешка го испраќаат московскиот хирург Жења Лукашин со авион во Ленинград, каде што ја среќава својата љубов во стан на точно иста адреса како во главниот град.
6. „На лизгалиштето“ од филмот „Бајка за ѕвезденото момче“
Режисерот Леонид Нечаев спои две тажни приказни на Оскар Вајлд - „Ѕвезденото момче“ и „Роденденот на инфанта“. Музиката за филмот ја напиша Алексеј Рибников, авторот на најпознатата советска и руска рок-опера „Јунона и Авос“.
7. Темата од филмот „Сибиријада“
Музиката на Едуард Артемјев како да се раѓа од чкрипењето на металот и јачењето на земјата, додека во исто време на екранот се урива кула на нафтена бушотина во пламен.
Епското остварување на Андреј Кончаловски за неколкуте генерации на две сибирски семејства го доби во 1979 година Гран-прито на Канскиот фестивал.
8. „Состанок со Марта“ од филмот „Токму тој Минхаузен“ („Тот самый Мюнхгаузен“)
Композиторот Алексеј Рибников зборуваше дека тој и Марк Захаров го напишале сценариото за филмот седејќи на пијано. Тој импровизирал, а режисерот го читал текстот, патем правејќи паузи. Така и музиката стана своевиден јунак на овој филм.
9. „Средба“ од филмот „Враќањето на Будулај“ („Возвращение Будулая“)
Филмовите засновани на романот на Анатолиј Калинин за Циганот Будулај ги претставуваат првите, а истовремено и најпознатите работи на филм на композиторот Валериј Зупков.
10. Музиката од филмот „Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои“ („Свой среди чужих, чужой среди своих“)
Музиката на Едуард Артемјев за најпознатиот советски истерн се вклопува во размерите на популарниот филм на Никита Михалков. Таа е епска, и во исто време продорна и драматична.