Кадар од филмот „Белото сонце на пустината“
реж. Владимир Мотыль, 1970/Мосфильм, ЛенфильмЖанрот на вестерн филмови во средината на минатиот век го освои целиот свет. Холивудските филмови за каубои, бандити и Индијанци од Дивиот Запад воодушевено се гледаа во бројни земји ширум светот, а во некои се обидуваа и да снимат нешто слично.
Најуспешни во тоа беа Италијанците со своите шпагети вестерни. Исклучително популарни беа и некои „црвени вестерни“ од земјите на социјалистичкиот блок, особено од Источна Германија.
Слични филмови се снимаа и во СССР. Само што вестерн жанрот беше редефиниран на свој начин, дејството од Дивиот Запад од втората половина на деветнаесеттиот век беше пренесено во Русија и времето на Граѓанската војна, а прериите беа заменети со сибирската тајга, степите на југот на Русија и пустините на Централна Азија.
Така се роди „истернот“ во кој имаше и престрелкие со одметници и, секако, потера по злато. Во улогите на каубојци и Индијанци се најдоа храбри црвеноармејци и подлите противници на советската власт од редовите на белогардејците или централноазиските басмачи.
И покрај тоа што во СССР терминот „вестерн“ не се користеше официјално, неколку десетици филмови беа снимени во овој жанр. Ви ги препорачуваме трите најдобри.
Кадар од филмот „Недофатливите осветници“
Трохачев/SputnikГодината е 1920. Место - југот на Русија, зафатен од Граѓанската војна. Четворица тинејџери кои сонуваат да служат во Црвената армија влегуваат во судир со Козаците, анархистите на атаманот Гнат Бурнаш.
„Недофатливите одмаздници“ е снимен според каноните на класичниот вестерн со престрелки, потери и класичната сцена на пукање во шишиња и кригли од страна на пијани разбојници во меана. Многу од каскадерските сцени ги снимија младите актери кои ги глумеа одмаздниците, а бидејќи немаше доволно луѓе на сетот, тие мораа да се пресоблечат во бели Козаци и да се бркаат самите себеси.
Кадар од филмот „Недофатливите осветници“
Трохачев/SputnikБеа снимени две продолженија, „Новите авантури на недофатливите“ во 1968 година и „Круната на Руската империја“ или „Повторно недофатливи“ во 1971 година.
Филмот со англиски превод можете да го погледнете овде.
Кадар од филмот „Белото сонце на пустината“
реж. Владимир Мотыль, 1970/Мосфильм, ЛенфильмПочеток на дваесеттите години на минатиот век. Мал град на источниот брег на Каспиското море, тероризиран од бандата басмачи на Црниот Абдула. Никој не се осмелува да им се спротивстави на разбојниците додека не се појави црвеноармеецот Фјодор Сухов...
Кадар од филмот „Белото сонце на пустината“
В. Манешин/SputnikСнимањето на филмот траеше долго и одеше тешко. Членовите на комисиите постојано критикуваа одредени сцени, барајќи да бидат отстранети или повторно снимени. А по завршувањето на снимањето не дозволуваа „Белото сонце на пустината“ да влезе во кино дистрибуција.
Во тој момент во целата работа се вмеша Леонид Брежнев, и самиот голем љубител на вестерните. Филмот се појави во кината и стана голем хит меѓу народот.
Кадар од филмот „Белото сонце на пустината“
В. Манешин/SputnikЗа руските космонаути, како и претходно за советските, филмот „Белото сонце на пустината“ беше вистинска амајлија. Космонаутите го гледаа пред полетувањето и носеа копија во вселената. Се веруваше дека на тој начин летот ќе биде успешен.
Филмот со англиски превод може да го погледнете овде.
Кадар од филмот „Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои“
реж. Никита Михалков, 1974/МосфильмЈугот на Русија, во годините непосредно по завршувањето на Граѓанската војна. Група белогардејци организираа напад на возот што го користат болшевиците за транспорт на злато. Меѓутоа, поради лоша среќа, ги ограбува бандата на есаулот Брилов.
Во потрага по злато изгубено во толпата тргнува Егор Шилов, припадник на советските специјални служби. Меѓутоа, задачата ја усложнува и фактот што неговите колеги сметаат дека тој самиот е вмешан во грабежот.
Кадар од филмот „Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои“
реж. Никита Михалков, 1974/Мосфильм„Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои“ е режисерско деби на познатиот Никита Михалков, кој во 1994 година доби Оскар за „Изгорени од сонцето“ (најдобар филм надвор од англиското говорно подрачје). Михалков си ја додели себеси улогата на шармантниот негативец Брилов, чиј лик беше инспириран од шпагети вестерните со Клинт Иствуд.
Поради недостиг, режисерот почетник кој го снимаше филмот во боја не доби доволно филмска лента, па некои од сцените мораше да ги доврши во црно-бела техника. На крајот тоа остана да го следи филмот како своевиден куриозитет.
Кадар од филмот „Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои“
реж. Никита Михалков, 1974/Мосфильм„Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои“ делумно е сниман во Чеченија, а одделни членови на бандата на есаулот ги играа локални жители. Според Никита Михалков, тие пред снимањето му приоѓале и го прашувале: „Вие ќе ни дадете оружје или да си донесеме свое?“.
Филм со англиски превод можете да го погледнете овде.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче