- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
На годишнината од смртта на Сталин, 5 март 1954 година, се собра мноштво народ пред Мавзолејот. Едно време таму (до 1961 година) до телото на Ленин лежеше телото на Сталин, а на фасадата стоеше и името на Сталин.
Пред мавзолејот секогаш имаше долги редици.
На трибината на Мавзолејот од лево кон десно: министерот за одбрана на СССР Николај Булганин, претседателот на Советот на министри на СССР Георгиј Маленков и првиот секретар на ЦК КПСС Никита Хрушчов.
По смртта на Сталин, во Москва сè уште важеше урбанистичкиот план за развој според неговата замисла. На пример, привршуваше изградбата на хотелот „Пекинг“, исто така во стилот на сталиновиот класицизам.
До 1954 година беше завршена реконструкцијата и реновирањето на Сесојузниот земјоделски саем (подоцна Изложба на достигнувањата на народното стопанство, ВДНХ). Доби величествен изглед. Многу павилјони беа изградени во стилот на сталинскиот ампир. На фотографијата е погледот на фонтаната „Камен цвет“ и Главниот павилјон.
Сите што доаѓаа во главниот град задолжително одеа во ГУМ (Државен универзален магазин) на Црвениот плоштад. ГУМ беше луксузно уреден, таму можеа да купат ретки и дефицитарни производи. Тука се купувачи во одделението за парфеми.
Поглед на ГУМ од Спаскаја кула. Денес Црвениот плоштад е пешачка зона, а во текот на 1950-тите на него се одвиваше сообраќај. Десно во позадина може да се види театарот Бољшој.
Московскиот планетариум исто така беше привлечно место како за децата, така и за возрасните.
Склопување на „Москвич“.
На седницата на Централниот комитет на партијата на 13 август беше промовиран економскиот проект „Девствени полиња“. Огромен број работници се упатија во подрачјата на Поволжјето, Урал, Сибир, Далечниот Исток и Казахстан за да го посеат земјиштето што дотогаш не беше обработувано.
На „Девтствени полиња“ тргнаа младите носејќи ги со себе најпотребните нешта – шах и книги.
Советската пропаганда му придаваше посебно значење на земјоделството. Меѓу народот се пропагираше дека животот во колхозите и совхозите протекува во веселба и пријателство.
„Утре е недела“. Дури и на „Девствените полиња“ под ведро небо, советската младина се грижеше за својот изглед и го користеше слободното време за да се издигне културно.
Трудот во земјоделството ги даде своите резултати. Значително се зголеми производството на млеко и месо. На фотографијата се девојки во фабрика за флаширање млеко.
Претседател на колхоз во Јакутија го проверува крзното пред да го испорача во град.
Советската власт интензивно ја поттикнуваше наставата, вечерните школи и повишувањето на квалификациите. Многумина ги комбинираа работата и образованието.
Политичката информираност беше многу важен фактор во животот на советските граѓани. Во работилниците и фабриките, во домовите на културата и во сите претпријатија се одржуваа состаноци на кои се разговараше за најновите вести и одлуки на партијата. Во работилницата за склопување часовници работничките внимателно ги слушаат вестите.
Во 1954 година СССР и Кина се подготвуваа да ја прослават петгодишнината од потпишувањето на советско-кинескиот „Договор за пријателство, сојуз и взаемна помош“.
Сталин ги подобри односите со Кина и нејзиниот претседавач Мао Це Тунг. Меѓутоа, по смртта на Јосиф Висарионович, тие односи со текот на времето почнаа да се влошуваат, особено кога Никита Хрушчов го иницираше процесот на десталинизација.
Во 1954 година масовно беше прославена 300-годишнината од „Перејаславскиот договор“ („Переяславской Рады“), кога Запорожските козаци решија да му се потчинат на рускиот император. Во СССР тоа официјално се викаше „300-годишнина од обединувањето на Украина со Русија“.
Во Обнинск, првиот советски град на науката, на 26 јуни 1954 година беше пуштена во употреба првата индустриска нуклеарна централа во светот.
Вака изгледаше првата нуклеарна централа во светот однадвор. Функционираше до 2002 година, а сега во неа се наоѓа научноистражувачки и меморијален комплекс.
Спортот и физичката култура од настанокот на СССР беа многу важни елементи на пропагандата. Впрочем, требаше градителот на комунизмот и трудбеникот да бидат здрави и издржливи. Затоа се воведе традиција на одржување на спортски паради.
Во СССР беше поттикнуван активниот одмор. Луѓето зиме се лизгаа и санкаа. Во училиштата се одржуваа часови по скијање.
Преку лето се одеше во природа и на кампување. Се појави интерес за алпинизам и кајак, како и претерана страст кон геологијата, па дури и своевидна идеализација на таа професија.
Шахот исто така беше масовна страст на советските граѓани. Сите играа шах - и малите деца и возрасните.
Шаховски турнири се одржуваа во училиштата.
Шах се играше дури и на плажа.
Советската власт исто така го поддржуваше творењето. Се ценеа аматерските уметнички активности, а многу деца беа запишувани во танцови или музички училишта.
Имаше голем интерес за народната уметност и уметничките занаети. На фотографијата е прикажан ансамбл бандуристи со Кремљ во позадина.
Да погледнеме и неколку снимки од советски Ленинград (како што тогаш се викаше Санкт Петербург). Романтика на бреговите на Нева.
Крстосувачот „Аврора“ – еден од симболите на револуцијата.
Ученици на предавање за револуцијата и нејзиниот водач Владимир Илич Ленин.
Свештеникот беше ретка појава во СССР. Протојерејот Николај Ломакин пред Исакиевскиот храм во Ленинград. Во текот на 1950-тите, храмот беше музеј и во него не се одржуваа богослужби.
За време на Втората светска војна сериозно беа оштетени поранешните царски дворци во Петербург. По војната, урнатините за рекорден рок беа претворени во раскошни фонтани и скулптури.
Традиционална новогодишна елка во Кремљ. Празникот што го воведе Сталин беше третиран како детски. На децата им се подаруваа слатки и беа организирани приредби за нив.