Денес имаме илјадници воени фотографии благодарение на храбрите фотографи кои во текот на целата војна беа на фронтот рамо до рамо со борците. На оваа фотографија е воениот фоторепортер Евгениј Халдеј во ослободениот Севастопол. Една година подоцна, тој ќе ја сними својата најпозната фотографија „Знамето на Победата над Рајхстагот“.
Еве неколку фотографии од Евгениј Халдеј: Маршалот Семјон Тимошенко за време на подготовките на операцијата за ослободување на Крим во 1944 година.
Борбите за Керч.
Урнатините на зградата на Керченскиот историско-археолошки музеј на планината Митридат потсетуваат на урнатините на Партенон.
Евгениј Халдеј беше еден од првите фотографи кој го виде разорениот Севастопол.
И свечениот плотунски оган по повод ослободувањето на Севастопол.
„Повторно живот!“ Туристи на плажа на разорениот Севастопол.
Деца на плажа во Севастопол.
Морнари од крстосувачот „Молотов“ се сончаат по битка.
„Така завршуваат војните“ – легендарната и многу трагична фотографија на Евгениј Халдеј, која потсетува на сликата на Василиј Верешчагин „Апотеоза на војната“.
Евгениј Халдеј и други фотографи направија многу портрети на војници и учесници во војната, како на познати, така и на непознати јунаци. На оваа фотографија е пилотот Сергеј Дупли во авионска кабина.
Снајперистот Валентина Кусанова.
Нуркач на Крим проверува дали има мини во водата.
1944 година започна со важен настан - блокадата на Ленинград беше пробиена. Речиси 900 дена градот се наоѓаше во нацистички обрач, а снабдувањето со храна и лекови беше ограничено. Многу луѓе ги загубија животите од гранатирањата и глад.
Фотографите ги снимија битките за ослободување на Ленинград.
Поранешните царски резиденции на периферијата на Ленинград и надвор од градот беа заземени, а прекрасните дворци уништени. Еве што видоа војниците и фотографите кога влегоа во Петерхоф.
И дворците во Царско Село беа претворени во урнатини.
Од дворот пред Александровскиот дворец во Царско Село нацистите направија гробишта за своите војници и офицери.
Советските фотографи беа со војниците на Црвената армија дури и во нејзините најсентиментални моменти. Вака изгледаше ослободувањето на советските деца кои беа држени како заробеници во нацистичкиот концентрационен логор во Петрозаводск.
Колона германски воени заробеници дефилираше низ Москва
Партизани одат во извидница.
Тенкисти од Чељабинск читаат писмо од другарите од фронтот.
Дури и во мрачната војна имаше светли моменти. Девојка и војник на бунар.
Советската армија во 1944 година ги ослободи Крим, Белорусија, Западна Украина и Полска. На фотографијата тенкови во Лавов.
Советските војници на секој чекор беа пречекувани со цвеќиња и солзи радосници како херои и ослободители.
Девојка во редица пред пункт за доброволно давање крв.
Звучи неверојатно, но изградбата на Московското метро продолжи и за време на војната. Пуштени во употреба станиците „Електрозаводскаја“ (лево) и „Партизанскаја“.
Во ослободените градови животот продолжи, луѓето одеа на работа, се венчаваа и раѓаа деца.
Продолжи и снимањето филмови. Сергеј Ајзенштајн, на пример, го сними својот култен филм „Иван Грозни“. На фотографијата е режисерот со актерот Николај Черкасов, кој ја игра главната улога (лево).
Актерот Евгениј Миљар ослабе толку многу за време на војната што улогата на старецот Кашчеј Бесмртниот совршено му одговараше.
Писателот Алексеј Толстој во тоа време беше на врвот на својата популарност. Ја доби Сталиновата награда за романот за револуцијата „Одење по маките“, а потоа лично му испрати писмо на Сталин во кое моли парите од наградата да бидат донирани за производство на тенк.
Московската зоолошка градина 1944 година.
Жители на Уљановск на пристаништето го испраќаат парабродот „Феликс Ѕержински.
Додека повеќето мажи беа на фронтот, девојките ги вршеа машките работи. На фотографијата е производство на артилериска муниција во ленинградска фабрика.
Производство на оружје во фабриката за алатни машини во Тула (и таму речиси сите се девојки).
Топење на леано железо во високата печка на фабриката „Уралмашзавод“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче