Дали храмот „Св. Василиј Блажени“ и храмот „Спас на крвта“ во Петроград се близнаци?

Култура
АЛЕКСАНДРА ГУЗЕВА
Ако набрзина фрлите поглед на фотографијата на петербуршкиот храм, можеби да ви се стори дека тоа е неговиот попознат „пандан“ од Москва.

Според познатата легенда, Иван Грозни наредил да им се ископаат очите на неимарите Барма и Постник за никогаш повеќе да не создадат нешто толку убаво како што е храмот „Св. Василиј Блажени“.

А сепак, во Русија во XIX век се појавил фактички двојник на оваа црква. Како дошло до тоа? Имено, московскиот храм на крајот на XIX век го дефинирал таканаречениот „руски стил“ во архитектурата. Изобилство од црвена тула, орнаменти, „кокошници“ (специфичен декоративен елемент), врежани елементи на фасадата...

Александар III за изградба на црквата на местото на загинувањето на неговиот татко го избрал токму рускиот стил. Затоа црквата „Спас на крвта“, отворена 1907 година, се издвојува во претежно барокно-класичното уредување на Санкт Петербург.