„Что тебе ни говори, как об стену горох!“ („Што и да ти кажува, од тебе се одбива сé како грашок од ѕид“!)
Можеби ќе слушнете како мајките во Русија им се обраќаат со овие зборови на своите тинејџери кои не сакаат да ја прекинат својата видео-игра и да си ја средат собата.
Од контекстот е јасно дека значењето најмногу потсетува на фразата: „Како да му зборувам на ѕид“, т.е. кога некој или не слуша, или слуша, но не реагира на тоа што му е кажано.
Едно е сигурно – мавањето ѕид со грашок е залудна работа. А зошто токму со грашок, а не со нешто друго?
Најчестата приказна за потеклото на фразата се однесува на фактот дека грашокот во Русија бил во изобилство. Растел во речиси сите подрачја, а во старо време бил намирница од која се подготвувале разновидни јадења: пудинг, пити, чорби, палачинки, па дури и пијалоци! (За љубопитните и оние кои сакаат да експериментираат, во прилог нудиме рецепт за чорба од грашок).
Чистењето на обраниот грашок во огромни количини било тешка и долготрајна работа, па затоа ги фрлале мешунките во ѕид да испукаат и зрната грашок сами да испаднат. Зрната скокале наоколу и се одбивале од тврдата површина без да направат некаква штета. Оттука потекнува и смислата на изреката - зборовите со кои му се обраќате на детето се апсолутно бескорисни, не допираат до него и нема да го натераат да направи било што.
Зборовите се бескорисни, но самиот грашок не е! Тој и тоа како може да го натера вашето дете да размислува за своето однесување! Имено, некогаш одамна (а во советско време само на некои места) многу распространет начин на казнување бил да му се нареди на детето да клечи на сув грашок час или два... И ете го објаснувањето зошто бројот на рецепти со грашок оттогаш е драстично намален!
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче