Ништо добро не доживеале во животот, секогаш сркале чорба со чевел.
Како можеш да потрошиш толку пари на забава кога твоите родители сркаат чорба со чевел?
Овие две фрази се примери за употреба на изрази кои странците не ги изговараат лесно: Щи лаптем хлебать – Шчи лаптем хлебат.
Шчи е многу евтина и едноставна руска чорба. Се прави од зелка и остатоци од друг зеленчук. Во селата оваа чорба не се правела со месо. Во водата директно се става свежа или кисела зелка. Понекогаш ова јадење се варело преку ноќ на топла печка, а наутро било подготвено за појадок. Обично луѓето ја јаделе оваа чорба од зелка за време на пост или кога немале ништо друго за јадење. Денес Русите исто така подготвуваат шчи, но обично со говедско, пилешко или печурки. Се смета дека тоа е здрава и диетална чорба.
Лаптите се традиционални руски обувки направени од кора од дрво (обично бреза или липа), со плетење на натопените ленти. Селаните во Русија носеле лапти по топло време. Биле многу евтини и лесни за правење.
„Хлебат“ всушност значи „лакомо да се пие“ и претставува груб израз што значи „да се јаде со лажица“.
Оние што јадат шчи се сигурно сиромашни луѓе, како и оние што носат лапти. Кога некој нема ни лажица за јадење и мора да користи лапти наместо лажица (метафорички кажано), тоа значи дека тој човек живее во страшна беда.
По Октомвриската револуција на власт дојдоа луѓе кои сркаат чорба со чевел.
Во тој контекст, замислете некој навистина да јаде чорба од чевел? Не како метафора, туку реално. Тоа би изгледало крајно одвратно и би покажало дека таа личност е многу некултурна. Така што оваа фраза не се однесува само на некој кој е сиромашен, туку и на некој кој е некултурен, невоспитан и необразован.
Притоа, тој што „не срка чорба со чевел“ покажува дека не е толку прост колку што изгледа. На пример: Дознавме која е тајната на Американците, ни ние не сркаме чорба со чевел.
Во оваа смисла се употребува уште еден израз со лапти: „Не е шиен од кора на дрво“ (Не лыком шит). Тоа значи дека некој не е прост како чевел од кора на дрво, туку напротив, тој е мудар и снаодлив.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче