Борис Липницки, фотографот кому му позираа најпознатите уметници на Париз

Култура
RUSSIA BEYOND
Пред неговиот објектив стоеја и Пикасо и Коко Шанел.

Борис Липницки (вистинско име Хаим) е роден во еврејско семејство. Работи како фотограф во Одеса и Варшава, но по револуцијата ја напушта поранешната Руска империја и во 1920-тите се населува во Париз. Наскоро се запознава со модниот дизајнер Пол Поаре и почнува да ги фотографира неговите колекции на облека.

Така Липницки станува еден од првите фотографи во модната индустрија во Париз. И тогаш почнуваат да му позираат сите најпознати луѓе од градот, од Пикасо до Коко Шанел, сликари, филмски режисери, дизајнери, актери, балетски уметници...

Пабло Пикасо во своето ателје „Мадура“ во Валори, 1948 година.

Дама зад воланот на „Крајслер“. Париз, 1938.

Шпанскиот моден дизајнер Кристобал Баленсијага. Париз, 1927. 

Коко Шанел. Париз, 1936. 

Цугухару (Леонард) Фуџита - француски сликар со јапонско потекло, 1925.