Првото селфи во историјата го направил американскиот фотограф Роберт Корнелиус, кој го фотографирал својот одраз во излог. Тоа се случи во 1839 година. Но, процесот на фотографирање тогаш бил многу различен од денешниот. Плочата покриена со слој од сребро се изложувала на јодна пареа, се вметнувала во камерата опскура, а потоа фотографијата се развивала во пареа на жива и фиксирала со потопување во раствор на сол, што не било едноставен процес. Ситуацијата се промени кога се појавија фотоапаратите „Кодак“, наменети за аматери. Фотографирањето повеќе не бараше сериозна подготовка и постепено стана масовно хоби. А бројот на селфија нагло се зголеми, при што оваа појава не ја заобиколи ниту Русија.
Судејќи според сé, првото селфи во руската историја го направил Лав Толстој. Во горниот лев агол на фотографијата пишува: „Самиот себеси се сними“. Инаку, писателот ги сакал сите технички иновации, а зад себе оставил преку 1000 фотографии кои сам ги направил. Неговата сопруга Софија не заостанувала зад него. Научила да фотографира уште пред да се сретне со писателот земајќи часови од познаниците на нејзиниот татко.
Петров бил познат фотограф во Руската империја, па дури и добил награда на изложба на фотографии во Рига. По револуцијата од 1917 година предавал фотографија на неколку факултети.
Рогожников не бил позната личност, меѓутоа имал сопствено фотографско ателје во малиот град Сарапул во Удмуртија. Денес дури ни зградата на неговото ателје не постои. Беше урната во 1950-тите.
Авдонин беше обичен фотоаматер и најмногу го фотографираше имотот Кусково во Москва. На оваа фотографија го гледаме во неговата куќа во Новогиреево во близина на Москва.
Фотографијата во огледало на ќерката на царот Николај II се смета за првото селфи направено од тинејџер. На фотографијата Анастасија има 13 години, а снимката ја направила за да ја испрати на свој пријател. Во рацете на принцезата е фотоапарат Kodak Box Brownie, благодарение на кој уметноста на фотографија стана масовно достапна.
Со фотографија не се занимавала само Анастасија, туку и целото царско семејство. Ни царот Николај II не бил исклучок. Првиот фотоапарат го набавил во 1896 година и веројатно тој бил оној што ја научил својата ќерка на оваа вештина. Покрај фотографиите направени од Николај и Анастасија, зачувани се и фотографиите на царицата Александра Фјодоровна.
Шухов бил инженер и проектант на рускиот нафтовод. Меѓутоа велел: „По професија сум инженер, а во душа фотограф“. Неговите први фотографии потекнуваат од последната деценија на XIX век, а неговата архива содржи околу 1500 фотографии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче