10 најдобри руски фотографи

Почнувајќи од Руската империја преку СССР до модерна Русија, тие ги овековечија најважните настани, луѓе и реалии во земјата. И го направија тоа многу добро.

1. Карл Була

За Карл Була (1855-1929) велат дека е таткото на руската фотографија. На крајот на XIX век тој го отвори едно од првите фотографски студија во Санкт Петербург и стана познат низ целата земја. Во своите фотографии овековечи цела ера и ја направи првата улична фотографија.

Русија, Москва, Киевската железничка станица.

Благодарение на него, денес можеме да видиме како изгледала царска Русија на крајот од своето постоење и да ги набљудуваме реалиите кои се неповратно изгубени.

УЗБЕКИСТАН. Ташкент, 1992

Такви, на пример, се обичните жители на Санкт Петербург, како и другите обележја на дадената ера. Покрај тоа, тој направи многу портретни фотографии на познати личности, од Лав Толстој до царот Николај II.

Повеќе фотографии од Карл Була погледнете овде

2. Сергеј Прокудин-Горски

Сергеј Прокудин-Горски (1863-1944) направи вистинска револуција на полето на фотографијата.

Тој е првиот во Русија кој направи фотографии во боја. Неговото фотографско наследство е бесценето. Ја обиколи целата Руска империја и ги забележа во боја сите нејзини знаменитости, природата и луѓето.

На неговите фотографии има и стари цркви, и најновите напредни индустриски капацитети, и портрети на познати личности, и сцени од секојдневниот живот на обичните луѓе, и многу повеќе.

Повеќе фотографии од Прокудин-Горски погледнете овде.

3. Александар Родченко

Може да се каже дека Александар Родченко (1891-1956) е еден од најпознатите руски фотографи и вистински револуционер во областа на фотографијата. Многу експериментираше.

Со својот мал фотоапарат со објектив широк 35 mm тој фотографираше од различни агли: одгоре, одоздола, и од сите страни, нудејќи им на гледачите нов поглед на вообичаените нешта.

Ги фотографираше новите советски реалии, како што се спортските паради, изградбата на Беломорско-балтичкиот канал, а исто така и новите луѓе од таа ера, како Владимир Мајаковски и Лиља Брик, кои ги овековечи на реклама за издавачката куќа „Ленгиз“.

За него фотографијата беше уметничко дело. Неговиот пристап кон оваа работа засекогаш ги промени карактеристиките на жанрот.

Најпознатите фотографии на Родченко погледнете ги овде.

4. Евгениј Халдеј

Евгениј Халдеј (1917-1997) е најпознатиот советски воен фоторепортер, кој денес се смета за класик на репортажната фотографија направена за време на војната.

Жители на Москва ја слушаат објавата за почетокот на војната, 22 јуни 1941.

Со своите фотографии го долови секојдневнието на животот во рововите, и покажа како се живееше на првата линија на фронтот.

Ја посети Северната флота и ги документираше битките на црноморскиот брег. Со советските трупи стигна и до Берлин, каде што ја направи фотографијата со подигнувањето на Знамето на Победата над Рајхстагот, позната на целиот свет.

Погледнете повеќе фотографии од Евгениј Халдеј овде.

5. Всеволод Тарасевич

На фотографиите на Всеволод Тарасевич (1919-1998) може да се следи целата историја на СССР. Тој цели 50 години снимаше репортажи од различни краишта на земјата и портрети на обични луѓе, од рудари до работници на колхози.

Всеволод Тарасевич. Дуел. Од серијата „Московски универзитет“, 1964.

Тешко е да се замисли некој заплет или пресвртница во советскиот живот кои не се одразиле во неговата работа.

 

Бакнеж, 1966.

На фотографиите на Всеволод Тарасевич се и ужасите на војната, и радостите на мирнодопскиот живот, и новите занимања, и децата, и големите градилишта, и уште многу други нешта.

Повеќе фотографии од Всеволод Тарасевич погледнете овде

6. Дмитриј Балтерманц

Дмитриј Балтерманц (1919-1990) се стекна со светска слава благодарение на фотографиите направени на фронтовите на Втората светска војна, за време на битките за Москва, Сталинград и Крим.

Моменти на одмор, 1943.

Меѓутоа, во Советскиот Сојуз издавачите одбиваа да печатат многу од неговите фотографии бидејќи беа премногу брутални.

Советските партиски кругови немаа слух за неговото нестандардно визуелно чувство, развиено во ерата на советската авангарда, но затоа Балтерманц беше многу баран во странство.

Тој е еден од ретките советски фотографи кој беше препознаен низ целиот свет за време на неговиот живот. Негови изложби се одржуваа во Лондон и Њујорк.

Повеќе фотографии погледнете овде

7. Владимир Лагранж

Владимир Лагранж (1939-2022) детално го прикажа периодот на советското „затоплување“.

Во 1959 година се вработи како фоторепортер во агенцијата ТАСС, главната новинска агенција на СССР. „Затоплувањето“ во политиката доведе и до „затоплување“ во фотографската уметност.

Лагранж се одрече од исценираните и идеолошки подредени фотографии. Неговите снимки се репортажа за реалниот живот и химна на секојдневието.

Фотографии од Лагранж погледнете овде

8. Игор Мухин

На своите смели рокенрол фотографии Игор Мухин (р. 1961) ја величеше советската перестројка во 1980-тите и 1990-тите.

Од неговите фотографии нé гледаат Виктор Цој, Жана Агузарова, Владимир Сорокин, Борис Гребеншчиков и други познати личности од тоа време.

Мухин ја покажа новата, „неофицијална“ Москва, која почувствува изгледа вкусот на нескротената слобода.

9. Георгиј Пинхасов

Фотографиите на Георги Пинхасов (р. 1952 година) високо ги ценеше и самиот Андреј Тарковски и го покани младиот фотограф да направи репортажа за филмот „Сталкер“.

И Пинхасов дипломираше на Серускиот државен универзитет за кинематографија (ВГИК) и беше независен фотограф со необичен поглед на светот. На неговите фотографии обичните, секојдневни сцени изгледаат како надреални уметнички дела.

Во 1980-тите емигрираше и стана единствениот руски фотограф во легендарната меѓународна агенција Magnum Photos. Неговите дела се објавени во најценетите меѓународни публикации.

10. Сергеј Максимишин

Сергеј Максимишин (р. 1964) е гигант на руската фотожурналистика. Тој е повеќекратен добитник на престижниот натпревар на World Press Photo и разни други награди за фотографија.

Соработува со многу угледни изданија, руски и странски, и предава Уметност на фотографијата. Во 2007 година објави книга со фотографии од различни делови на поранешните советски републики, прикажувајќи го она што остана од „Последната империја“, односно СССР.

Повеќе фотографии погледнете овде.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња