- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Фјодор Алексеев, „Соборниот плоштад во Московскиот кремљ“, 1800-тите.
Фјодор Алексеев/Третјаковска галерија
Многу слики на кои се прикажани цркви, но и други знаменитости на руските градови, имаат не само уметничко, туку и историско значење, т.е. фактографска вредност.
Карл Бодри, „Литија околу Благовештенскиот храм во Московскиот кремљ“, 1860.
Карл Бодри/Третјаковска галерија
Вниманието на сликарите особено го привлекувале прекрасните стари цркви на московскиот Кремљ.
Аполинариј Васнецов, „Московскиот Кремљ. Храмови“, 1894.
Аполинариј Васнецов/Третјаковска галерија
Васнецов особено сакал да ги набљудува московските цркви. Пронаоѓал неисцрпна инспирација во начинот на кој сончевите зраци во различни нијанси се прелеваат врз златните куполи.
Василиј Поленов, „Успенскиот храм во Москва. Јужна капија“, 1877 година.
Василиј Поленов/Третјаковска галерија
Друга перспектива за уживање и детали на храмовите во Кремљ.
Аполинариј Васнецов, „Облаци и златни куполи. Симонов манастир“, 1920-тите
Аполинариј Васнецов/Третјаковска галерија
Некои московски цркви, за жал, беа урнати во советско време, а нивниот изглед е зачуван само на сликарското платно, како во случајот со Симоновиот манастир на сликата на Аполинар Васнецов.
Аполинариј Васнецов, „Новодевички манастир. Храм“, 1926.
Аполинариј Васнецов/Третјаковска галерија
На оваа слика е прикажан главниот храм на најубавиот манастир во Москва. Сликата зрачи со радоста на живеењето. На почетокот на ХХ век околу Новодевичкиот манастир имало шума, а сега тоа е централниот дел на Москва испреплетен со надвозници.
Аполинариј Васнецов, „Црквата „Вознесение Господово“. Село Коломенское“, 1927.
Аполинариј Васнецов/Третјаковска галерија
Денес тоа повеќе не е село, туку музеј-резерват во рамките на Москва. И овој храм од XVI век е вистинско ремек-дело на архитектурата и првата камена црква со шаторска структура во Русија.
Василиј Поленов, „Московски двор“, 1878.
Василиј Поленов/Третјаковска галерија
На една од своите најпознати слики, Поленов прикажува двор во сокаците на Арбат, а во позадина храмот „Преображение Господово на Песокот“.
Валентин Серов, „Зима во Абрамцево. Црква“, 1886.
Валентин Серов/Третјаковска галерија
Серов, како и многу сликари од крајот на XIX век, поминувал многу време во Абрамцево - на имотот на филантропот Сава Мамонтов, и сликал под ведро небо. Серов во оваа црква дури и се венчал со својата сопруга. Храмот е изграден според скицата на сликарот Виктор Васнецов.
Исак Левитан, „Над вечниот мир“, 1894.
Исак Левитан/Третјаковска галерија
Оваа заборавена црква, обрасната со трева, на брегот на езерото Удомља кај Вишни Волочок, стана позната благодарение на монументалната (и најпозната) слика на Левитан.
Исак Левитан, „Тивка манастирска обител“, 1890.
Исак Левитан/Третјаковска галерија
Левитан често сликал цркви и манастири бидејќи тоа имало смирувачки ефект врз него. Ликовните критичари објаснуваат дека патеката и мовчето како да го покануваат човека во обителот на духовна хармонија.
Исак Левитан, „Внатрешноста на црквата „Петар и Павле“ во Пљос на Волга“, 1888.
Исак Левитан/Третјаковска галерија
Многу од делата на Левитан се настанати во живописниот Пљос. Неговата четка ја овековечи убавината на многу локални цркви. Сликарот дури го прикажа и внатрешниот изглед на оваа дрвена црквичка (која веќе не постои).
Павел Корин. „Внатрешноста на Успенската црква на Московскиот кремљ“, 1936.
Павел Корин/Третјаковска галерија
Внатрешната декорација на храмовите не е толку често прикажувана на платно како надворешната. Затоа таквите слики имаат поголема вредност.
Иљја Репин. „Венчавката на Николај II и великата кнегиња Александра Фјодоровна“, 1894.
Иљја Репин/Руски музеј
Иљја Рјепин, сликар на царскиот двор, отиде чекор подалеку и ја забележа Светата тајна на склучувањето на бракот на последниот руски цар во црквата на Зимскиот дворец во Санкт Петербург.
Константин Јуон. „Чамци на брегот. Псков“, 1904.
Константин Јуон/Калушки Музеј на ликовните уметности
Чест атрибут на псковските пејзажи се неговите древни цркви, кои денес се на списокот на Светско наследство на УНЕСКО, како што е случајот со овој величествен храм „Света Троица“ во Псковскиот кремљ.
Николај Рерих. „Успенската Пароменска црква во Псков“, 1900-ти
Николај Рерих/Руски музеј
Рорих, кој инаку е познат по своите хималајски пејзажи, често сликал сцени на библиски теми. Тој патувал по старите руски градови и сликал стари цркви.
Николај Рерих, „Углич. Црквата на принцот Дмитриј“, 1904.
Николај Рерих/Меѓународен центар „Рерих“
Рерих се грижел за зачувување на древните споменици на архитектурата, а еден од начините да се зачуваат за идните генерации бил да се насликаат на платно.
Василиј Кандински, „Црвена црква“, 1901-1903.
Василиј Кандински/Руски музеј
Пред да стане мајстор на апстрактната уметност, Кандински сликал многу конкретни пејзажи.
Аристарх Лентулов, „Василиј Блажени“, 1913.
Аристарх Лентулов/Третјаковска галерија
Лесно може да се погоди дека во оваа авангардна фантазија се наѕираат контурите на најпознатиот московски храм.
Борис Кустодиев, „Масленица“, 1916.
Борис Кустодиев/Руски музеј
Приказот на минијатурните цркви е важен елемент на творештвото на Кустодиев и карактеристика на секојдневието на трговецот што тој го евоцира.
Михаил Нестеров, „Соловки“, 1917.
Михаил Нестеров/Лугански регионален музеј на уметноста
Голем број слики на религиозна тематика насликал и Михаил Нестеров. Тој дури го посетил и оддалечениот Соловецки манастир на Белото море.
Михаил Нестеров, „Света Русија“, 1901-1906.
Михаил Нестеров/Руски музеј
Своето запознавање со религиозната тематика Нестеров го преточил во оваа монументална слика, која буквално стана илустрација на изреката: „Ние сме Руси, Господ е со нас“.
Сергеј Герасимов, „Црквата „Покровот на Нерла“, 1953.
Сергеј Герасимов
Една од најубавите и најстарите цркви во Русија е храм од XII век во близина на градот Владимир. Не ја заобиколи ниту Сергеј Герасимов, советскиот дворски уметник и мајстор на социјалистичкиот реализам.