Портрет на Ида Рубинштајн. Валентин Серов
Руски музејНајпознатиот руски иконописец кој живеел во раздобјето на 14 и 15 век. Ретки се неговите дела, икони и фрески во храмовите кои се зачувани до наши денови. Најпозната е иконата на Рубљов „Троица“ насликана во дваесеттите години од 15 век за Троица-Сергиевата лавра.
Иконата „Троица“, 1425 - 1427, Андреј Рубљов
Третјаковска галеријаНа оваа икона уметникот за првпат визуелно ја формулирал една од главните христијански догми за божественото тројство. (Тука прочитајте повеќе) Неодамна беше донесена одлука „Троица“ од Третјаковската галерија каде што се чува да се врати во Лаврата.
Религиозното сликарство зазема голем сегмент во руското сликарство сѐ до крајот на 19 век. Еден од најистакнатите претставници е секако Александар Иванов. Уметникот својата најпозната слика „Појавувањето на Христос пред народот“ ја сликал дваесет години, а кога ја видела светлината на денот претставувала голем настан.
Појавување на Христос пред народот. 1837—1857, Александар Иванов
Третјаковска галеријаДелото го купил императорот Александар Втори и му го подарил на московскиот „Румјанцевски музеј“ во кој за нејзиното изложување е изградена специјална сала. Сликата што ги остава посетителите без здив и денес е една од најпопуларните во Третјаковската галерија истовремено не оставајќи ги рамнодушни сегашните уметници. Така да кажеме класичарот на современата уметност Ерик Булатов на оваа слика ѝ го посветил своето дело „Сликата и гледачите“
Најзначајниот руски маринист се родил на брегот на Црното море на Крим и токму таму поминувал најмногу време, набљудувајќи и сликајќи морски пејзажи. Ајвазовски бил и офицер, сликар на Главниот поморски штаб, во своите дела е преокупиран со водната стихија. За најпозната и највпечатлива негова слика важи „Деветтиот бран“.
Деветтиот бран, 1850, Иван Ајвазовски
Руски музејНа платното е доловено море по бура. Луѓето што имаат доживеано бродолом се обидуваат да се спасат на малечки катарки, загрижено гледајќи го огромниот бран кој им се заканува да ги поклопи.
Еден од највпечатливите руски реалисти работел со голем успех во различни жанрови. Неговите портрети се одликуваат со неверојатна природност и изразност, меѓу другото тој е автор на десетина портрети на Лев Толстој. Има насликано и легендарни историски платна како „Иван Грозни и неговиот син Иван на 16 ноември 1581 година“.
Иван Грозни и неговиот син Иван на 16 ноември 1581 година. 1883—1885, Иљја Репин
Третјаковска галеријаГо има насликано и монументалното „Свечено заседание на Државниот совет на 7 мај 1901 година“, на кој има повеќе од 60 портрети на високи службеници. Една од најпознатите слики на Репин е „Бурлаци на Волга“ која припаѓа на жанровското сликарство.
Бурлаци на Волга. 1870—1873, Иљја Репин
Руски музејГениј на реалистичкиот пејзаж и вљубеник во руската шума има насликано десетина слики чии главни „јунаци“ се боровите, шумичките и дабовите шуми. Негова најпозната слика е „Утро во боровата шума“ (мечките ги насликал Константин Савицки).
Утро во боровата шума. 1889, Иван Шишкин, Константин Савицки
Третјаковска галеријаУмешноста на Шишкин во поглед на играта на светлината и на сенката е ненадмината, а шумите ги има во широк спектар од магловити или зимски, до оние низ чии крошни се пробиваат зраци сончева светлина. Ништо помалку позната не е ни сликата „'Рж“ на која доминира пат среде златните полиња од ‘рж, како и омилените борови на уметникот
‘Рж. 1878, Иван Шишкин
Третјаковска галеријаВо советско време репликите на неговите дела беспоштедно се препечатуваа, наоѓајќи се на поштенски марки, на плакати и на бонбониери.
Реалистот и модернист Серов му бил ученик на Репин. Познат пред сѐ како портретист, сликал по нарачка портрети на членовите на царското семејство, самите императори, како и познати личности како што се кнегињата Јусупова или композиторот Римски-Корсаков, но и своите колеги-сликари. Една од неговите најзапаметени слики е „Девојката со праски“, портрет на ќерката на мецената Сава Мамонтов.
Девојката со праски. 1887, Валентин Серов
Третјаковска галеријаВо подоцнежните дела на Серов воочлива е дистанцата од реализмот и влијанието на модерната. Познати слики од тој период се портретот на голата танчарка Ида Рубенштајн и „Киднапирањето на Европа“.
Портрет на Ида Рубинштајн. 1910, Валентин Серов
Руски музејСуриков е мајстор на историзмот и на руското сликарство. Им дал живот на цела низа заборавени содржини. Едно од првите и најпрепознатливи негови историски дела е „Утрото пред погубувањето на стрелците“. На сликата се гледа Црвениот плоштад, Храмот на Василиј Блажени и стрелците кои по налог на Петар Велики се погубени поради бунтот од 1698 година.
Утрото пред погубувањето на стрелците. 1881, Василиј Суриков
Третјаковска галеријаМногу слики на некој начин биле поврзани со Сибир, впрочем самиот уметник бил родум од Краснојарск и имал можност да види како живееле старообредниците (за што сведочи „Болјарката Морозова“, прогонети и преселени).
Болјарката Морозова. 1884—1887, Василиј Суриков
Третјаковска галеријаНа сликата „Меншиков во Берјозово“ некогаш уважениот државен достоинственик и личност блиска на Петар Велики е прикажан во сибирско прогонство во мала бедна колиба.
Кандински важи за еден од родоначалниците на апстрактното сликарство. Во втората деценија од дваесеттиот век, по долго експериментирање ги направил првите апстрактни слики и композиции по кои подоцна ќе биде препознатлив.
Композиција VII, 1913, Василиј Кандински
Третјаковска галеријаУметникот бескрајно си играл со формите, со геометријата и со боите. Не придружувајќи се на идеологијата во советската уметност, емигрирал во Германија, а потоа во Франција, од каде патот на неговите слики во музеите ширум светот бил отворен. „Сликата со бели линии“ на Кандински стана една од најскапо продадените на аукциите во историијата.
Малевич е еден од најоригиналните сликари на руската авангарда. Неговите рани дела се одликуваат со фигурација, а влијанието на импресионизмот („Пролет. Расцутена градина, 1914“) и фовизмот („Автопортрет“, 1908) се чувствувал. Меѓутоа, полека се движел во насока на сопствените откритија во сликарството и изумувањето на супрематизмот, чија суштина е олицетворена во 1925 година во „Црниот квадрат“.
Црн квадрат. 1915, Казимир Малевич
Третјаковска галеријаЗа првпат е претставен на футуристичка изложба со претензија на скандал, со оглед дека е изложен во „црвениот агол“, со векови најпобожното место во руската куќа, наменето за икони. Сликите на Малевич денес се едни од најскапите на светот. Неговата „Супрематистичка композиција“ е продадена на аукцијата на Кристи за 85,8 милиони американски долари, и овој рекорд сѐ уште не е соборен.
Советскиот уметник и илустратор стана главен руски концептуалист, познат во целиот свет. Раните дела се одликуваат со класичен стил, а настанале под влијание на неговиот учител Роберто Фалко, за потоа да работи како сликар-декоратер, и паралелно да го пронаоѓа оригиналниот уметнички израз. Создал цел правец кој потоа е наречен московски концептуализам и собрал бројни истомисленици. Во осумдесеттите години од минатиот век еден од првите започнал да работи на целосни инсталации.
Човекот кој од својата соба одлетал во космосот. 1985, Иљја Кабаков
The Centre Pompidou (Paris). Photo: E. Alexeev / Tretyakov GalleryНајпознатите меѓу нив, „Човекот кој од својата соба полетал во космосот“, „Тоалет“, Нема сите да ги поведе во иднината“, и денес се изложуваат во најголемите светски музеи. Во овие дела, на примерите од советското секојдневие го промислувал минатото, сегашноста и иднината.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче