Се смета за татко на руската класична музика. Учел кај странци и интензивно ја проучувал европската музика, но истовремено е еден од првите композитори коишто трагале по сопствен јазик и жанр во рускиот материјал.
Пред Глинка руските опери позајмувале странски (главно италијански) фабули и музика. Тој сепак создал национални опери што ја освоиле јавноста и извршиле огромно влијание на следната генерација композитори, вклучувајќи го и големиот Чајковски. Глинка своите први дела ги базирал на руската литература, па така врз основа на поемата на Александар Пушкин „Руслан и Људмила“ настанала опера. Собирал народни песни и музика од разни национални ентитети во Русија и ја користел во своите дела.
Операта на Глинка „Иван Сусанин“ е една од први домашни историски опери. Композиторот осмислил популарна фабула од почетокот на 17 век која е обвиена со митови за тоа како селанецот Сусанин направи подвиг, така што на полските интервенционисти не им открил каде се крие новиот цар Михаил Романов и ги навел да талкаат.
Едно од најпознатите дела на Глинка „Патриотска песна“ се смета за суштинско во неговото творечко трагање и внесување на поимот „руски карактер“ во музиката. Мелодијата на „Патриотска песна“ беше руска химна од 1990 до 2000 година.
Музиката за идниот генијален композитор на почетокот била само хоби. Тогаш да свири на клавир го учела една слугинка. Како дете го сакал Моцарт, а потоа станал обожавател на италијанската опера.
Значењето што Чајковски го имал за целокупната руска култура без сомнеж е огромно. Во областа на музиката бил нешто како Пушкин во литературата, создал признати и широко познати ремек-дела во најразлични жанрови. Има напишано десет опери, три балети, седум симфонии, како и голем број дела за оркестар и за поединечни инструменти.
Балетите „Лебедово езеро“ и „Оревокршачка“ се познати во целиот свет, а многу мелодии од овие дела се препознатливи дури и за оние што не се пасионирани љубители на музиката. Познатиот Концерт за клавир и оркестар број 1, дури, се слушаше наместо националната химна, кога руските спортисти пееја на победничкиот подиум на Олимпијадата во 2020 година во Токио и во 2022 во Пекинг.
Огромен успех има забележано операта „Евгениј Онегин“, поставена на сцената на Императорскиот театар во Санкт Петербург. Кружеа приказни дека на музиката на Чајковски Лав Толстој леел солзи. Исклучително го ценел и императорот Александар Трети, љубител на сѐ „руско“.
Бил познат научник и хемичар, а музика компомирал во слободно време. Зад себе нема оставено многу дела, но операта „Кнезот Игор“ се смета за една од најдобрите во светската музичка историја.
Според мотивите на старорускиот еп од 12 век „Слово за полкот Игорев“ Бородин ја напишал операта „Кнезот Игор“. Според духот и атмосферата, едно од најизразитите руски симфониски дела. Тука го има сето она што е потребно – моќен звук на народен хор, народни инструменти и продорни арии-ламентации во руски стил.
Заедно со Мусоргски и со Римски-Корсаков, Бородин бил член на композиторската група „Големата петорка“. Себеси се сметале за следбеници на Михаил Глинка и настојувале во музиката да ги внесат националните руски идеи.
И Мусоргски бил член на „Големата петорка“, а неговите дела имаат изразити национални одлики. Бил офицер, работел како пијанист, а како композитор не се доживувал сериозно. Во текот на животот на сцена поставено е само едно големо дело на музичарот, операта „Борис Годунов“, според истоимената трагедија на Александар Пушкин.
Многу свои идеи Мусоргски не ги реализирал до крај, а со тоа по неговата смрт се занимавале други. Така, да кажеме, се случило со една од неговите најпознати опери „Хованшчина“, за востанието на стрелците и кризата на власта од крајот на 17 век. На сцената е поставена дури по смртта на композиторот.
За многу дела на Мусоргски оркестрацијата ја пишувале други композитори. Се сметало дека тоа не му било силна страна. Сепак, тој има оставено исклучителни дела за оркестар, како што е, да кажеме, оркестарската композиција „Ноќ на голото брдо“.
Римски-Корсаков бил важен член на „Големата петорка“ и во многу дела ги интерпретирал фолклорот и руската култура. Има напишано голем број симфониски дела, како и петнаесет опери. Најпознати се „Снежана“, „Садко“, „Сказна за царот Салтан“ (оркестарска интерлудија на „Бумбаровиот лет“ познат во целиот свет).
Римски-Корсаков бил и музички критичар и теоретичар, им помагал на други композитори да ги средат своите дела и да напишат оркестрација. Освен тоа бил еден од најталентираните професори по музика во деветнаесеттиот век и со години предавал на Санктпетербуршкиот музички конзерваториум. Многумина негови ученици станале истакнати композитори. Меѓу нив се Александар Глазунов, Михаил Гнесин, Сергеј Прокофјев, Игор Стрависнки и многумина други.
Се смета за предвесник на авангардата во музиката. Делата на Скрјабин се многу сложени и интелектуални, полни со симболизам. Композиторот мистик верувал дека неговата уметност влијае на промените во вселената и сметал дека може да создаде мелодија којашто ќе предизвика апокалипса.
Најпознати се три негови симфонии за оркестар, како и музичката поема „Прометеј“. Во нејзината партитура Скрјабин на секоја нота ѝ определил боја, станувајќи на тој начин пионер на музиката во боја. Имал ретка дарба за синестезија, сите тоналитети во неговата перцепција имале определени бои. Освен тоа, за време на изведувањето на своите дела применувал динамичко осветлување во боја.
Ученикот на Чајковски, Рахманинов започнал да свири на клавир на четири години, а својата прва опера ја поставил на деветнаесет години. Неговите долги прсти покривале 13 интервали на клавијатурата (распон од 30 сантиметри). „Јас сум 85 отсто музичар, во мене има само 15 отсто човек“, велел тој.
По Револуцијата од 1917 година Рахманинов емигрирал во САД, и таму останал во следните 26 години, сѐ до смртта и станал познат. И покрај тоа важи за еден од најизразитите руски композитори.
Најпознати се неговите клавирски концерти за оркестар. Концертот број 3 е еден од најчесто изведуваните негови дела (и величествен клавирски концерт).
Светска слава му донеле три балети што ги напишал за „Руските сезони“ на Сергеј Дјагилев на почетокот на втората деценија од минатиот век: „Жар птица“, „Петрушка“ и „Посветување на пролетта“. Во овие дела интензивно користел фолклорни теми, исклучително популарни во тоа време кај авангардните уметници.
Подоцна се воодушевувал на неокласицизмот и на стилизацијата на старите барокни и романтичарски мотиви, го има напишано балетот во италијански стил „Пулчинела“, операта „Царот Едип“ и мелодрамата „Персефона“. Подоцна неговото творештво (често критикувано) било поврзано со експерименти и сложена техника на „додекафонија“.
Иако композиторот емигрирал од Русија пред почетокот на Првата светска војна (живеел во Европа, а потоа на почетокот на Втората светска воја се преселил во САД), до крајот на животот себеси се сметал за руски композитор. Во Москва и во Ленинград одржал концерти во 1962 година.
Балети, опери, симфонии, концерти, кантати, но и филмска музика. Сергеј Прокофјев е еден од најплодните руски композитори на дваесеттиот век. Како и Стравински пишувал балети за Дјагилев. Со години ги биел глас за творечко ривалство.
По Револуцијата Прокофјев заминал од Русија. Формално се наоѓал на службени патувања и на гостувања, за во триесеттите години од минатиот век да се врати во СССР. Едно од неговите најпознати дела, напишано непосредно по враќањето била симфониската сказна „Петја и волкот“.
Публиката во СССР му била наклонета на музичарот, а бил и лауреат на бројни државни награди. Балетот „Ромео и Јулија“ стана еден од најпопуларните во дваесеттиот век.
Еден од најталентираните композитори на дваесеттиот век, воедно и најкомплициран. Беше номиниран за Оскар за адаптација на музика (Модест Мусоргски, екранизација на операта „Хованшчина“), како и за наградата „Греми“ за симфониски дела.
Целиот живот се бореше против советската цензура. „Збрка наместо музика“, вака советските критичари пишуваа за операта на Шостакович „Леди Магбет од Мценската околија“, по што беше изложен на прогон.
За време на блокадата на Ленинград Шостакович остана во градот. Ја пишуваше својата прочуена Седма („Ленинградска“) симфонија што ја изведе локалната филхармонија. Покрај Ленинград ја слушаше и целиот свет.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче