- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
1. Летната градина
- Најблиска метро-станица „Гостини двор“
- Работнно време
- Влез слободен
- На што да се фокусирате: да се фотографирате со скулптурите и фонтаните во позадина и да слушате џез
Паркот почнал да го гради Петар Велики во 1704 година, а со површина е како помал остров. На почетокот во летната резиденција на монархот, уредена по примерот на паркот Версај, можело да се влезе само со негова лична покана.
Летната градина денес е вистински музеј на отворено. По должината на неговите алеи се поставени копии на антички скулптури, а во летната сезона работат фонтани кои заостануваат зад оние од Петерхоф само по димензиите, но не и по елеганцијата. Во Кафе Ресторанот од деветнаесеттиот век сè уште работи кафуле во кое се свири џез.
2. Михајловската градина
- Најблиска метро-станица „Гостини двор“/„Невски проспект“
- Работно време
- Влез слободен
- На што да се фокусирате: не пропуштајте да го видите дабот што го засадил Петар Велики и да се фотографирате во павилјонот Роси
Михајловската градина се наоѓа недалеку од Летната. Прошетката можете да ја комбинирате со посета на Рускиот музеј или црквата „Спас на крвта“. На подрачјето на градината се наоѓа еден од најстарите дабови во градот, инаку засаден од Петар Велики (другиот е во Летната градина). Има и езерце со хармоничен и многу фотогеничен мост, како и павилјон изграден на местото на дворецот на сопругата на Петар, императорката Екатерина.
3. Александровската градина
- Најблиска метро-станица „Адмиралитеjскаја“
- Влез слободен
- На што да се фокусирате: убаво да прошетате од Ермитаж до Бронзениот коњаник
Оваа градина со мала површина се наоѓа во близина на главните петербуршки знаменитости – Дворцовиот плоштад и Зимскиот дворец, Адмиралитетот и Исакиевскиот собор. А Бронзениот коњаник и денес е во градината.
На почетокот тука имало пустош. Прво земјен насип, дел од утврдувањата на Адмиралитетот, а потоа складиште на дрвена граѓа за бродови и сидра. Потоа на полјаната се организирале народни веселби. Градската градина била отворена во 1874 година, а во 1879 година била украсена со најголемата градска фонтана во тоа време.
4. Централниот парк на културата и одморот на островот Елагин
- Најблиска метро-станица „Стараја деревња“
- Работно време
- Во работни денови влезот е слободен, а за викенд и празници е отворен од 6 до 10 часот претпладне и од 22 до 23 навечер
- На што да се фокусирате: возење со чамец, посета на музеј, хранење верверици
Островот Елагин е поранешна императорска резиденција. Островот припаѓал на царското семејство околу сто години, до револуцијата во 1917 година. Италијанскиот архитект Карло Роси го преуредил за Романови дворецот на островот Елагин, подигнал комплекс од павилјони и дополнителни згради.
На островот Елагин во лето се одржуваат концерти, а во зима работи лизгалиште. Во дворецот на островот Елагин можете да видите реконструирани царски ентериери, а во Музејот на стаклото можете да ја научите технологијата на термичка обработка на стакло во работилниците.
5. Ботаничката градина на Петар Велики
- Најблиска метро-станица: „Петроградскаја“
- Работнно време
- Влезот се наплаќа
- На што да се фокусирате: посетете ги стаклената градина и јапонската градина, посетете го најстариот ботатнички музеј
Во Ботаничката градина се наоѓа еден од најстарите во Русија арборетуми, тука се и јапонската градина и камените градини, а вистински бисер претставува стакленичкиот комплекс во кој билките цветаат цела година (постои и календар). Градината може да се обиколи во три рути, суптопска, тропска и со разгледување на водните билки. Лете во градината се одржуваат концерти на отворено, а зиме се организираат светлосни шоуа.
6. Ботаничката градина на Санктпетербуршкиот државен универзитет
- Најблиска метро-станица: „Василеостровскаја“, „Спортивнаја“, „Адмиралитејскаја“
- Влезот се наплаќа, посети според распоредот на обиколки
- На што да се фокусирате: наполнете се со универзитетска атмосфера
Универзитетската ботаничка градина е малку покамерна од претходно споменатата, но љубителите на флората сигурно ќе бидат презадоволни. На нејзиниот простор има две големи стаклени градини, јапонска градина и арборетум. На враќање можете да наминете до дворот на Филолошкиот факултет и да ја погледнете збирката необични споменици од цел свет.
7. Островот Нова Холандија
- Најблиска метро-станица: „Адмиралтејскаја“
- Работно време
- Влез слободен
- На што да се фокусирате: посетете ги рестораните, а зиме не пропуштајте го лизгалиштето
Во времето на Петар Велики овде се сушела дрвена граѓа за бродови, подоцна имало затвор, потоа објекти на воено-поморскиот ресор. Денеска во зградата на поморскиот затвор „Бутилка“ работат бутици и ресторани, а во Домот на управникот има детски центар. На тревникот во центарот на островот во лето се одржуваат концерти, а во зима се поставува лизгалиште. Нова Холандија е првенствено модерен јавен простор, иако има и катче на природата.
8. Taврическата градина
- Најблиска метро-станица: „Чернишевски“
- Влез слободен
- На што да се фокусирате: на спорт
Најголемата зелена површина на Централниот реон на Санкт Петербург. Ви препорачуваме на вашиот пат до соборната црква „Смолни“ задолжително да наминете тука. Градината е изградена како дел од резиденцијата на миленикот на Екатерина II, кнезот Григориј Потемкин Таврически. Денес во дворецот се наоѓа седиштето на Меѓупарламентарното собрание на државите-членки на ЗНД, а може да го посети секој што сака. Овде во текот на целата година се организираат градски прослави, зимно време мештаните скијаат и лизгаат, а остатокот од годината претпочитаат трчање и нордиско пешачење. Градината има и помала стаклена градина. Внатре има кафуле и се одржуваат концерти.
9. Екатеринхоф
- Најблиска метро-станица: „Нарвскаја“
- Влез слободен
- На што да се фокусирате: запознајте се со историјата на градот
Паркот се наоѓа недалеку од Нарвската триумфална порта, изградена по Татковинската војна 1812 година. Самиот Екатеринхоф е истовремено и споменик на победите извојувани еден век порано. Имено, на 7 мај 1703 година Петар Велики за прв пат на тоа подрачје ги поразил Швеѓаните на вода. Овде изградил имот и ѝ го подарил на својата сопруга како свадбен подарок. Екатеринхоф значи Екатеринин двор. За време на неговото владеење, на годишнината од поморската победа редовно се одржувале мајски свечености.
Подоцна, имотот станал фарма за млечни производи, потоа бил претворен во овоштарник и зеленчукови градини, за на крај да бидат вратени народните прослави. Денес тука се одржуваат спортски манифестации и фестивали, има тениски терени, а можете да се повозите и со чамец.
10. Приморскиот парк на Победата
- Најблиска метро-станица: „Крестовски остров“
- Влез слободен
- На што да се фокусирате: активно занимавање со спорт и возење во забавниот парк
На најелитниот остров во Санкт Петербург има голем парк со широки алеи каде што можете да возите велосипед, скејтборд или тротинет. Исто така, можете да ги храните вервериците и лебедите, да организирате пикник или да упаднете во улицата со камиони за брза храна. Има и голем забавен парк наречен Див остров.
На западниот крај на Крестовскиот остров можете да го видите стадионот „Гаспром арена“, кој неодоливо потсетува на летечка чинија. Зад него се наоѓа простран кеј со поглед на Финскиот залив и најмодерните градби на Санкт Петербург - новиот висечки мост и облакодерот „Лахта Центар“.