- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Во Стара Русија, во секоја куќа, од царската палата до селската колиба, жените се занимавале со ракотворење. Везот се користел за украсување на наједноставните домашни предмети. Додека особено се издвојувал таканаречениот „лицевој“ вез, односно вез на религиозни теми.
Руски музеј
Тука на платното се прикажувани светци и библиски сцени, а овие дела обично се дарувани на црквите и манастирите.
Mитрополит Московски Филип, 1592.
Богоугодна работа
Везот се појавил во Русија уште пред примањето на христијанството. На најстарите примероци може да се најдат пагански симболи: дрвото на животот, божицата-мајка, симболи на сонцето. Меѓутоа, благодарение на влијанието на Византија, оваа вештина значително се проширила по примањето на христијанството.
Руски музеј
Руски музеј
Постепено паганските елементи на везот прераснале во орнаменти кои ги опкружуваат ликовите на светците. Покрај светците, жените везеле библиски сцени, па нивните дела често се наоѓале во храмовите на одеждите на свештениците, на мртовечките покрови, на чесната трпеза (во средината на олтарот). Има дури и ретки примери на извезени икони.
Благородна вештина
Јавен домен
Во „Домострој“, познатото дело на руската книжевност за правилниот начин на живот, се наведува дека добрата сопруга треба да биде добра домаќинка и вешта во ракотворењето. Ова правило важело за сите слоеви на населението, така што везот го учеле и девојките од обичниот народ и ќерките на богатите. Меѓутоа, везот „лицевој“ бил наменет само за девојки од богати семејства, бидејќи свилените, златните и сребрените конци, како и другите материјали користени во него биле многу скапи.
Државен историско-уметнички музеј во Сергиев Посад
Државен историско-уметнички музеј во Сергиев Посад
Покрај тоа, овој вид на вез е многу комплициран процес. Во куќите на богатите имало посебна просторија во која домаќинката на куќата и нејзините везилки се занимавале со ракотворење. Во царската работилница работеле и до сто девојки, но за везот „лицевој“ биле потребни и мајстори за цртање на ликовите на светците, посебни мајстори за цртање форми на растенија и мајстори за пишување букви.
Руски музеј
Обично овие работи ги вршеле мажи. На хартија исцртувале контури на светци, орнаменти и натписи, кои везилките ги ставале на ткаенината и ги шиеле со конец, а потоа ги пополнувале контурите со вез.
Руски музеј
Понекогаш цртежот се нанесувал директно на ткаенината, а везилките најпрвин го обележувале со бел конец, а потоа го полнеле со вез.
„Сликање со игла и конец“
Пермска уметничка галерија
Ова име за везот „лицевој“ се појавило во XV век, кога почнал да се користи разнобоен свилен конец. Притоа свилата доаѓала од Кина, Иран, Турција, понекогаш од Италија и Шпанија. Честопати везот „лицевој“ дополнително се украсувал со скапоцени камења и бисери.
Пермска уметничка галерија
Пермска уметничка галерија
Работата на некои особено комплицирани слики траела и по неколку години. Притоа на едно платно работеле неколку везилки кои имале различни задачи. На пример, некои девојки само ставале бисери на платното. Добрите везилки понекогаш целиот свој работен век - од 35 до 50 години - го поминувале во работилницата на куќата на некој богат човек.
Зачувување на традицијата
Многу вакви дела не се зачувани до денес. Но, современите работилници за традиционален вез на религиозни теми ја продолжуваат древната традиција. На пример, овој занает се негува во работилницата при Троице-Сергиевата лавра.
Работилница за вез при Троице-Сергиевата лавра
Работилница за вез при Троице-Сергиевата лавра
Надвор од црковните установи исто така работат и независни работилници. Постојат и школи за везење каде секој заинтересиран може да ја совлада древната техника.
Работилница за везење „Убрус“
Работилница за везење „Убрус“