Пет најпознати техники на народно сликарство во Русија

Кутиче со палешка минијатура. Ивановска област, Русија, 2019.

Кутиче со палешка минијатура. Ивановска област, Русија, 2019.

Владимир Смирнов/TASS
Речиси во секое руско село имало вешти луѓе кои сликале предмети во оригинален стил. Со текот на времето, тие стилови станаа познати ширум земјата и надвор од нејзините граници.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

1. Хохлома

Ова е најпознатиот и најпопуларниот стил на руското народно сликарство. Карактеристичните шари, како и самиот занает, најчесто го носат името на местото од кое потекнуваат и се произведуваат насликаните предмети. Во овој случај, тоа е селото Хохлома во Нижегородската област. Постои легенда според која овој занает потекнува од иконописците староверници од 17 век.

Дрвени лажици во стилот „хохлома“ со симболот на Олимписките игри 2014 во Сочи.

Историски, „хохлома“ е сликање на предмети направени од дрво, најчесто садови и кујнски прибор, како и дрвен мебел. Посебно станаа познати руските дрвени лажици насликани во стилот „хохлома“. Шарите секогаш се нанесуваат со светли црвени, зелени и златни бои на црна позадина. Најчести се растителните мотиви со бобинки, а се среќаваат и птици.

2. Гжељ

Сад за џем насликан во стилот „гжељ“.

Постои мислење дека „гжељ“ премногу потсетува на делфтски фајанс и кинеска белосина керамика, но нема докази дека оваа техника е преземена од некаде. Овој керамичарски занает потекнува од селото Гжељ во Московската област, а исто така и од околните села, каде што отсекогаш била ископувана глина со одличен квалитет.

Прибор за чај и кафе насликан во стилот „гжељ“.

Порцеланот направен од таа глина бил ценет дури и на дворот на царот Алексеј Михајлович. Во 18 век во Гжељ било развивано производството на садови за аптекарската служба и потребите на „алхемијата“. Во 19 век на ова подрачје веќе имало десетина фабрики кои произведувале садови, керамички плочки за обложување на печки и други предмети од керамика во техниката мајолика со растителни орнаменти, како и играчки во вид на животни. И сето тоа било „брендирано“, т.е. сликано со сино-бели шари.

3. Жостово

Разгледница печатена во СССР-у прикажува Букет, фрагмент на декоративна слика од послужавник, Жостово, околу 1973.

Сликањето на ковани лимени послужавници во селото Жостово во Московската област започнало во 1825 година, кога овој занает бил „донесен“ од Урал од кнежевското семејство Демидови. Во Тагил веќе постоело успешно производство на насликани послужавници, но на московски терен биле ангажирани локални сликари кои го негувале стилот на федоскината минијатура. Така дошло до синтеза на занаетчиските стилови на сликање и се појавиле жостовските послужавници. Денес тоа е еден од најпопуларните „народни“ брендови.

Жостовско сликарство, послужавник со цвеќе во светли бои.

Боите на послужавникот и шарата на него може да бидат различни. Најважната карактеристика на композицијата е букетот цвеќе во средината. Се сликаат и плодови, полски билки и трева. Маслените бои се нанесуваат во неколку слоеви за да се создаде впечаток на тродимензионалност.

4. Палех

Лакирана кутија во стилот „палех“; околу 1970 година со сцена од средновековната руска историја.

Палешката лакирана минијатура е релативно млад народен занает. По револуцијата, со неа почнале да се занимаваат талентирани иконописци и зографи од селото Палех (Ивановска област), кои претходно се занимавале со сликање верски мотиви и сликање храмови. Палешката уметничка декоративна задруга се појавила во 1918 година.

Работното место на палешката уметница Нина Павловна Богачова.

Во новата советска држава религијата била прогонувана, така што уметниците се посветиле на „древното сликарство“. Тие прикажувале сцени од народни бајки и книжевни дела користејќи иконописна техника и конкретно темперни бои. Најпрвин сликале предмети од дрво, а потоа папје-маше. Во палешки стил на црна позадина со светли црвени и златни бои сликале претежно украсни предмети, најчесто кутичиња (ковчежиња), како и разни ситни сувенири.

5. Городецки стил

 

„Городецко сликарство“, изложба „Лаѓа-2010“.

Стилот потекнува од селото Городец во Нижегородската област, каде во 19 век на овој начин се украсувале роданите. Подоцна се среќава и на дрвениот мебел и други предмети како сандаци, кутичиња (ковчежиња), санки, прозорски рамки, па дури и врати. Народни сликари прикажувале жанровски сцени од секојдневниот живот на трговските кругови, како и селски сцени.

Руска народна уметност. Городецко сликарство на предмети за домаќинството.

Темите биле различни (веридба, гозба, прошетка), како и главните протагонисти. Често се среќаваат прикази на коњи, птици и други животни. Карактеристично е изобилството на бои и контрастните транзиции меѓу нив.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња