Топ-листа на советски филмови: „Еже в магла“ (1975)

Култура
ВАЛЕРИЈА ПАЈКОВА
Врз основа на гласовите на 140 аниматори од целиот свет, овој краток поетичен филм во 2003 година на Фестивалот на анимиран филм „Лапута“ во Јапонија беше прогласен за најдобар на сите времиња.

Ежето оди низ шума кај својот пријател Мечето да ги бројат ѕвездите. Во текот на своето патување минува низ густа магла, каде што ги сретнува големиот Був, Полжавот, Лилјакот, Песот и преубавиот бел Коњ, кој се појавува како привидение.

Генијалниот советски аниматор Јуриј Норштејн во „Еже в магла“ го  оствари своето култно уметничко дело. Филмот освои бројни меѓународни признанија.