Московското метро однатре: она, што патниците не го гледаат (ФОТОГРАФИИ)

Култура
RUSSIA BEYOND
Во метрото на главниот руски град постои цел свет, скриен од љубопитните очи. Овој фотографски проект ги открива неговите тајни страни.

Московското метро е најголемиот подземен музеј во светот и најудобниот вид на транспорт во главниот град. Инаку, во него има многу места за кои влезот е забранет за надворешни лица.

Во чест на 85-годишнината на метрото организацијата пушта надворешни лица: во текот на следните неколку месеци уметниците од арт-групата „Сезон“ и кураторите на Музејот на Москва го истражуваат тајниот свет на метрото, ги посетуваат неговите затворени депоа, потстаници и работилници.

Резултат од проектот се реалистичните платна „другата страна на метрото“ и серијата фотографии на Ана Скржинска на кои се овековечени вработените во „подземниот град“.

Изложбата „Другата страна на метрото“ ќе се реализира во Центарот  „Гилјаровски“ од 2 октомври до 8 ноември 2020 година.