Во Државниот музеј на архитектурата „Шчусев“ се одржува изложба на оригинални планови и фотографии на московското метро. / И. Фомин, Н. Анриканис. Проект на метро-станицата „Красние ворота“. 1934.
ФОТОГРАФИИ ОД ВЕСНИК / ДРЖАВЕН МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРАТА „ШЧУСЕВ“Не се реализирани сите проекти што се изложени. Некои од нив останале само на хартија, како што е случајот со нацртот за станицата „Киевскаја“ на Грегориј Голц. Столбовите со боја на слонова коска на крајот се заменети со столбови со мозаици. / Г. Голц. Проект на метро-станицата „Киевскаја“, 1944-1945.
ФОТОГРАФИИ ОД ВЕСНИК / ДРЖАВЕН МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРАТА „ШЧУСЕВ“Претставените творби секако се значајни како архитектонски нацрти на метро-станиците, но се и важно сведоштво за развојот на советското техничко цртање. / Д. Чечулин. Проект на метро-станицата „Охотни рјад“. 1934.
ФОТОГРАФИИ ОД ВЕСНИК / ДРЖАВЕН МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРАТА „ШЧУСЕВ“Денес на големата изложбa под наслов „Московско метро: Подземен музеј на архитектурата“ можат да се видат рачно изработени цртежи на оваа сообраќајница.
ФОТОГРАФИИ ОД ВЕСНИК / ДРЖАВЕН МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРАТА „ШЧУСЕВ“Првата линија на московското метро е официјално отворена на 15 мај 1935 година. Линијата сообраќала од Сокољники до Парк куљтури, била долга 11 километри и имала 13 станици. / Д. Фридман. Проект на Централната електроподстаница. Триесетти години од минатиот век.
ФОТОГРАФИИ ОД ВЕСНИК / ДРЖАВЕН МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРАТА „ШЧУСЕВ“Системот на подземната железница во Москва се смета за најубав на светот, со раскошни декорации на старите станици на чија убавина савидува секој што за првпат ја посeтува. / Д. Чечуљин. Метро-станица „Динамо“. Фотографија В. Савостјанова и Л. Великжањина. 1947.
ФОТОГРАФИИ ОД ВЕСНИК / ДРЖАВЕН МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРАТА „ШЧУСЕВ“Денес подземната сообраќајна мрежа на руската престолнина има 196 станици (од кои 44 имаат статус на културно наследство), но таа и понатаму се шири. / Н. Коли и С. Андриевски во соработка со Л. Шухарева. Метро-станица „Измајловскаја“ (денес „Партизанскаја“). Крај на четириесеттите години од минатиот век.
ФОТОГРАФИИ ОД ВЕСНИК / ДРЖАВЕН МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРАТА „ШЧУСЕВ“Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче