Бидете меѓу првите кои ги виделе станиците на новата линија на московското метро (фотографии)

mos.ru
Полека, но сигурно, се отвора и новата кружна линија на метрото во Москва, а дизајнот на новите станици е, како што сме навикнати, извонреден! Уверете се и самите.

Во Москва продолжуваат да ги копаат подземните линии на метрото, така што ќе се појави и нова кружна линија со должина од 70 км! Вкупно 31 станица, а 19 од нив ќе имаат премини кон други станици. Првите станици на овој прстен веќе се појавија 2018 година, а кругот ќе биде затворен 2023 година.

ЦСКА – отворена

Станицата се наоѓа на Ходинското поле, во близина на напуштената писта на стариот аеродром. Во овој дел на градот се наоѓа еден од најголемите во Москва трговски центри и спортски комплекс.

Савјоловскаја - отворена

Станицата ги поврза истоимената железничка станица со сивата линија на метрото. Ентериерот е украсен со сив и црн гранит.

А вака ќе изгледаат станиците кои ќе бидат отворени за две-три години:

Лефортово – 2019.

Дизајнот на станицата е во стилот на старите руски благороднички имоти: тркалезни мермерни столбови, висечки лустери и црни плочи со билни орнаменти.

Мичурински проспект – 2020.

Изградбата на метрото на југозападот на Москва е помогната од кинеска компанија, па затоа и оваа станица ќе биде во соодветен стил: црвени столбови и текстови за пријателство напишани со кинеско писмо. Уште сега на Мичуринскиот проспект може да се види огромната црвено-црна сала која ќе поврзува две линии.

Рубцовскаја – 2020.

Станицата ќе биде од сив гранит, а дневната светлост ќе влегува низ огромните тркалезни прозорци.  

Зјузино – 2020.

Вистинска пчелина кошница, зју-зју: комбинации на жолта и црна боја со плафон во облик на саќе.

Шереметјевскаја – 2022.

Можеби една од најубавите нови станици во која сѐ како да е од порцелан. 

Строминка – 2022.

Станица во „хај-тек“ стил во црвено-бели тонови.

Амињевское шосе – 2022.

Најинтересниот детаљ на оваа станица е плафонот во вид на морски бранови со необично осветлување.

Ржевскаја– 2022.

Цел еден ѕид од оваа станица на североистокот на градот ќе покажува колку е часот. Идејата  е метрото да се претстави не само како дел од градскиот сообраќај, туку и како временски портал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња