Alt+Tab
Дури и обично руско име делува комично кога ќе се напише на кирилица. Творците на американските филмови често не смислуваат ништо посебно, туку само ќе го променат распоредот на тастатурата.
Legion Media
Така во серијата „Вселенски сили“ (Space Force, 2020) на униформата на рускиот јунак е пришиено името „Телатовицх Ы.С.“. Доколку се за верување сценаристите, тој човек би требало да се вика Јуриј Телатович, меѓутоа името почнува со Ы, што воопшто не е карактеристично за рускиот јазик. Како „ј“ во иницијалите станало „ы“? Многу едноставно. Јуриј на англиски се пишува Yuri, а со буквата Y се обележува руската буква Ы, и затоа таа е употребена за иницијалите на кирилица. И, се разбира, латиничното „c“ е кириличното „ц“, а „h“ е „х“. Оттука „-цх“ на крајот.
Пол Кинг/Netflix, 2020.
Интересно е што Русинот во серијата го игра рускиот актер Алексеј Воробјов. Како тоа тој ништо да не забележи?
Има и такви бисери што тоа е навистина смешно. Во втората сезона на серијата „Доушници“ (The Wire, 2003) е прикажан пасош чиј сопственик се вика DOВЛАЩ ЛШТВКФЫРШТ. Ако се напише презимето со латиничен распоред на тастатурата, се добива Kindrashin, што е уште некако и прифатливо. Но, што е со името? Како настанало тоа? Тоа никој не го знае.
Дејвид Сајмон/HBO, 2002.
Тука е познатиот „Foma Kiniaev“ (или Ащьф ЛШТШФУМ, како што му пишува во пасошот, што е повторно име напишано со руски распоред на тастатурата) во филмот „Борновиот идентитет“ (The Bourne Identity, 2002). Тоа име веќе влезе во легендата.
Пол Гринграс/Universal, 2016.
Само нека завршува на -офф
Во рускиот јазик има многу презимиња кои завршуваат на „-ов“ и во латиничната варијанта се пишуваат „-off“: Smirnoff, Sokoloff, итн.
Понекогаш се добива впечаток дека е доволно да се додаде „-off“ на било што и тоа ќе биде руски јунак. Но, кога братот на рускиот претседател во филмот „Хитмен“ (Hitman, 2007) се вика Удре Беликофф, тогаш тоа е сепак премногу.
Ксавје Жен/20th Century Studios, 2007.
Во рускиот јазик не постои ништо што личи на таквото име.
Митско суштество: получовек-полузајак
Чад Стахелски/Summit Entertainment; / Global Look Press
Русите не можат сериозно да ги доживеат јунаците на филмот „Џон Вик“ (John Wick, 2014). Сериозно, како може главниот јунак да се вика Баба Јага? А на тој лик му се спротивставува, се разбира, руски бандит со „обично“ име Виго Тарасов (Viggo Tarasov). Кај го најдоа тоа име?
Чад Стахелски, Дејвид Лич/Thunder Road Pictures, 87Eleven, 2014
И како човек да не се сети на „типичното“ женско име Доминика Егорова во филмот „Црвеното врапче“ (Red Sparrow, 2018), полн со стереотипи за Русите. Доминика звучи толку неприкладно што во Русија филмот беше прикажан со името Вероника.
Френсис Лоренс/20th Century Fox, Chernin Entertainment, 2018
А во акциониот филм „Џек Ричер“ (Jack Reacher, 2012) таинствениот шеф на мафијата кој се бори против главниот лик (го глуми Том Круз) се вика Zec Chelovek. Ни помалку ни повеќе.
Кристофер Макуари/Paramount Pictures, Skydance Productions, 2012
Небаре авторите мижејќи одбрале два збора од српско-руски речник и така добиле име и презиме.
Име по татко? Зар и тоа постои?
Владимир Карасев/Одеско филмско студио, 1959.
Навистина е незгодно тоа што Американците покрај име и презиме немаат име по татко, а Русите имаат. Во многу филмови таа разлика создава вистинска мешаница. Творците на британската серија „Мекмафија“ (McMafia, 2018) навистина се потрудиле – Русите ги играат руски актери, така што го нема оној карактеристичен неприроден нагласок.
Џејмс Воткинс/BBC, AMC, 2018.
Но, кај имињата сепак згрешиле. Во рускиот пасош место презиме стои патронимот Николаевна, а патронимот е изведен од непостоечкото име Глоб.
Филип Нојс/Columbia Pictures, Sony Pictures, 2010
Ни авторите на филмот „Солт“ (Salt, 2010) не сфатиле што се прави со патронимот, па наместо Василевич напишале едноставно Vassily. Човекот, наводно, с вика Orlov Oleg Vassily.