Филм: Црвена зора (1984)
Што му требаше на Холивуд? Јаковлев Јак-38
Јак-38
Морнарица на САДКако нѐ измамија?
За да можат гледачите да го видат првиот советски ВТОЛ (вертикално полетување и слетување) на ловец Јак-38, режисерот на филмот мораше да направи точна копија на авионот. Моделот е речиси во вистинската природна големина.
Филм: Топ ган (1986)
Што му требаше на Холивуд? Либиски МиГ-ови
Либиски МиГ-25
Морнарица на САДКако нѐ измамија?
Во филмот Том Круз и неговите пријатели се соочуваат со застрашувачки авион МиГ-28 во близина на либискиот брег. Таканаречените советски МИГ-ови кои се појавуваат во филмот всушност беа американски Ф-5 обоени во црно за да изгледаат уште пострашно. Освен тоа, на продуцентите на филмот им избега еден мал детаљ: сите модели на МиГ секогаш носат непарен број, затоа што парните броеви се резервирани за бомбардерите и товарните авиони.
Филм: Рамбо II и Рамбо III
Што бараше Холивуд? Ми-24
Ми-24
Стивен Тарнер/Воздухопловни сили на САДКако нѐ измамија?
Кога на американските филмаџии им требаше копија на хеликоптерот Ми-24, тие постапуваа на следниов начин: земаа француски хеликоптер Aérospatiale Puma и го вооружуваа со нешто што тој хеликоптер не може да го понесе. Така ги создаваа легендарните „летечки тенкови“ кои и денес се користат во Латинска Америка или Сирија. Патем кажано, во третиот дел Џон Рамбо сруши еден ваков Ми-24 за доброто на авганистанските талибанци.
Филм: Железниот орел (1986)
Што му требаше на Холивуд? МиГ-23
Советски МиГ-23
Војска на САДКако нѐ измамија?
Детето што сонуваше да стане воен пилот одлучува да му помогне на својот татко кој е соборен во лет над фиктивна блискоисточна држава. Со помош на пријателите на својот татко момчето грабнува два Ф-16 и лета да му помогне на родителот.
Меѓутоа, кон крајот на 1980-те американското Воено воздухопловство одби да помага во снимање на филм во кој се грабнуваат авиони. Така во „Железниот орел“ се појавуваат израелски Ф-16 и IAI Kfir како МиГ-23.
Филм: Црвената скорпија (1988)
Што му недостигаше на Холивуд? Ми-24
Ми-24П
Игор ДвурековКако нѐ измамија?
Продуцентите на овој филм го направија истото како и колегите на снимањето на „Рамбо“, единствено што му додадоа ракетни лансери на американски хеликоптер „Сикорски“ С-62.
Кадар од филмот „Црвената скорпија“
Филм: Ѕвер на војната (1988)
На Холивуд му недостигаше еден хеликоптер Ми-8 или Ми-6.
Mи-17, верзија за извоз на хеликоптерот Ми-8
Воздухопловни сили на САДКако нѐ измамија?
Во филмот се раскажува за згодите и незгодите на еден екипаж на советски тенк Т-55 во Авганистан. Снимани се израелски тенкови Ти-67 (кои всушност беа модифицирани советски Т-55).
Меѓутоа, кога им требаше хеликоптер Ми-6 или Ми-8, филмаџиите го решија овој проблем едноставно: зедоа француски Aerospatiale SA321K 'Super Frelon' и го префарбаа. Не заборавија да го украсат со црвена петокрака.
Кадар од филмот „Ѕвер на војната“
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче