Луис Б. Маер и Николас Шенк на аеродромот Ла Гардија. Шенк се наоѓа на аеродромот за да се збогува со Маер кој заминува во Холивуд. Извор: Getty Images/Fotobank
Овие класици на холивудската филмска индустрија се родени и израснале во Рјабинск, мало руско гратче на Волга. Нивниот татко Хаим Шејнкер работел како службеник во речното бродарство. Како и многу други руски граѓани со еврејско потекло, кој крајот на 19 и на почетокот на 20 век, и семејството Шејнкер од Руската Империја емигрирале во Америка. Најпрво се доселиле на Лоуер Ист Сајд во Њујорк, а потоа се преселиле во Харлем. Презимето го скратиле во Шенк за да звучи како американско, а Николај и Јосиф станале Ник и Џо.
Браќата Шенк на почетокот продавале весници на њујоршките улици. Кога една на железничката станица забележале дека стотиците луѓе немаат со што да се забавуваат додека чекаат воз, дошле до идеја за нова работа. Почнале да продаваат пиво на точење и воено ги забавувале присутните. Во тоа време се запознале со Маркус Лоу кој веќе работел во филмската индустрија, а подоцна стана сопственик на филмското студио кое денес е познато како „Метро-Голдвин-Маер“ (МГМ).
1927: Џозеф М. Шенк (1878 – 1961), филмски продуцент со руско потекло кој живеел во Америка од 1900 година и бил претседател на „Јунајтед артистс“. Извор: Getty Images/Fotobank
|
Браќата Шенк со текот на времето станале филмски магнати, нивните животни приказни биле мошне различни. Ник продолжил да работи со Маркус Лоу и станал директор на студиото „Метро-Голдвин-Маер“. Веќе во 1932 година раководел со цела империја која била составена од синџир на најпопуларните кина и филмски компании МГМ. Во тоа време бил еден од најбогатите луѓе во Америка.
Во ерата на немиот филм во филмовите на студиото „Метро-Голдвин-Маер“ брилирала Грета Гарбо, а подоцна, во звучните филмови, Кетрин Хепберн и Вивиен Ли, Клерк Гејбл и Фред Астер. Филмовите во продукција на студиото МГМ имаат добиено повеќе од двесте „Оскари“. Како дел од ремек-делата на оваа филмска компанија се „Волшебникот од Оз“, „Однесено со виорот“, „Пеејќи на дождот“, цртаните филмови за Том и Џери и уште многу неповторливи класици. Ник Шенк бил авторитативен и талентиран раководител, па успеал да ја сочува гигантската корпорација во која сè функционирало совршено, дури и во времето на Големата депресија.
Џозеф го оставил брата си да работи со Маркус Лоу и заминал на западниот брег на САД. Околу 1925 година станал претседател на независното филмско студио „Јунајтед артистс“, кое го основале ѕвездите на немиот филм Чарли Чаплин, Мери Пикфорд, Даглас Фербанкс и режисерот Дејвид Грифит. Десетина години подоцна тој ја основал компанијата „20th Century Рicture“.
Џозеф Шенк бил еден од основачите на Американската филмска академија, која ја доделува најпрестижната филмска награда „Оскар“, а одиграл и мошне важна улога и во животот на Мерлин Монро. Кога во 1946 година оваа актерка се појавила во неговото филмско студио, Џо се вљубил во неа и ѝ помогнал во понатамошната кариера. Во 1952 година Џозеф Шенк добива „Оскар“ за исклучителен придонес во развојот на филмската индустрија и ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните.
Во Русија за браќата Шенк се дозна дури во деведесеттите години од минатиот век, по распаѓањето на Советскиот Сојуз. Во советско време холивудската продукција како таква практично отсуствуваше во медиумите, а исто така не беше пожелно да се зборува за „сомнителните личности“ со руско потекло. Сега во Рјабинск во знак на сеќавање на браќата Шенк е поставена спомен-плоча која им ја покажуваат на туристите при крстарењето по Волга и на кусите посети на градот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче