Поради пандемијата на заразната болест COVID-19 предизвикана од новиот коронавирус, рок-групата „Би-2“ мораше да ја откаже својата европска турнеја и настапите во градовите во Сибир. За да не ги разочараат фановите, музичарите приредија бесплатен концерт во онлајн-киното „Окко“ кој го видоа 2,5 милиони луѓе.
Познатиот руски пијанист Денис Мацуев одржа бесплатен онлајн-концерт во Московската филхармонија на 20 март. Концертот во онлајн-режим го гледаа 1,5 милиони посетители, што е илјада пати повеќе луѓе отколку што може да прими Концертната сала „Чајковски“ во која тој настапи. Снимката од концертот може да се гледа со англиски титлови.
И раперот Баста реши да им даде поддршка на луѓето кои го поминуваат времето во изолација, па на 17 март одржа деведесетминутен концерт во живо. Концертот е достапен со англиски титлови.
Баста своевремено беше првиот руски рапер кој ја наполнил салата „Олимпијски“. На концертот на 22 април 2017 година одржан во формат 360 во кружен амфитеатар присуствуваа 35 илјади луѓе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче