Нема никаква пропаганда: Што мисли авторот на „Симпсонови” за рускиот цртан филм „Маша и мечокот”?

Animakkord

Рускиот анимиран филм „Маша и мечокот” во иднина ќе стане класик на анимацијата, во него нема никаква пропаганда, смета сценаристот на анимираниот серијал „Симпсонови” Мајк Рејс.

Во интервју за РИА „Новости” Рејс призна дека овој цртан филм му се допаѓа многу, додавајќи дека не гледа во него никаква пропаганда.

„Не ги разбирам тие замерки. Мислам дека „Маша и мечокот“ се прикажува во Америка, но јас го гледав на фестивал на анимиран филм во Босна. Ми покажаа неколку епизоди и реков: „Па ова е сјаен цртан! Ајде да му ја дадеме главната награда“. Организаторите ми одговорија дека не можат секоја година да наградуваат ист филм. Ми се чини дека тоа е класик и дека ќе стане еден од најдобрите примери за добра анимација“, рече Рејс.

Тој исто така рече дека не планира да се пресели во Русија и дека руските медиуми погрешно ги протолкувале неговите зборови. „Јас не го кажав тоа! Тоа е многу интересно. Некој од новинарите ми постави две кратки прашања на кои дадов два кратки одговора. Од тоа тие направија долга статија во која сѐ беше погрешно претставено. Испадна недоразбирање“, рече Рејс.

Тој кажа дека новинарите ги интересирало неговото мислење за преселувањето на Стивен Сигал во Русија, а тој одговорил дека е секогаш добро да се има резервна опција.

Притоа тој истакна дека во Русија му се допаѓа многу. Сценаристот по мајчина линија и самиот има руско потекло, но на руски знае само да каже „њет“ и „спасиба“. „Тоа е сѐ за што сум способен“, се пошегува Рејс.

Кон средината на ноември британски „Тајмс“ објави статија во која западни критичари се занимаваат со темата „пропагандата на Кремљ“ која, наводно, е присутна во цртаниот филм „Маша и мечокот“. Амбасадата на Русија одговори на овие критики така што на Велика Британија ѝ препорача во борбата против рускиот цртан филм да примени „најрешителни мерки“.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова истакна дека, ако Маша од рускиот цртан филм ја симболизира современа Русија, тогаш треба да се размисли и за тоа што симболизира Том од американскиот цртан филм „Том и Џери“.

Прочитајте повеќе: Маша и Мечокот: приказна за нивниот успех

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња