Руски психолози сметаат дека анимираниот филм „Маша и мечокот” е најопасен за детската психа. Тие го ставија на првото место на ранг-листата на штетни анимирани филмови, пренесува „Известија”.
Непослушноста на хероината Маша, нејзините каприци, непристојното однесување, според експертите, може негативно да влијае на однесувањето на децата. На детето може да му се причини дека таквото однесување е сосема нормално.
На второ место се најде американскиот анимиран филм Monster High („Гимназија за чудовишта“). Психолозите сметаат дека лексиката што ја користата јунаците на овој анимиран филм, која спаѓа во сленг, може негативно да влијае на јазикот на кој децата зборуваат. Покрај тоа, главните ликови одат на училиште за чудовишта, но не одат на часови.
„Сунѓерот Боб Панталоновски“ го зазеде третото место на ранг-листата на експертите. Според нив, главниот лик е премногу егоистичен и постојано ги критикува возрасните.
На четвртото место е класичниот американски цртан филм „Том и Џери“. Експертите сметаат дека главните ликови, мачката и глушецот, им всадуваат на децата погрешен однос кон возрасните.
Според податоците на „Асошиејтед Прес“, цртаниот филм „Маша и мечокот“ е популарен не само во Русија, туку и во Италија, Велика Британија, Германија, Индонезија, како и на исток. Руското девојче е популарно и во муслиманските земји, што се поврзува со тоа што таа носи шамија на главата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче