Helsingin Salomat:Дали Маша и Мечокот се дел од хибридната војна на Русија?

„Наметнувањето на позитивни слики за Русија врз децата е опасно за безбедноста на Естонија“, смета естонски стручњак за комуникација.

Во балтичките земји почнуваат да се сомневаат дека омилениот руски цртан филм за деца „Маша и мечокот“ е дел од хибридната војна што ја води Русија, пишува финскиот весник Helsingin Salomat.

„Во Естонија мечката ја симболизира Русија. Тоа е факт“, вели предавачот на институтот за комуникации на Талинскиот универзитет Прит Хибемјаги.

Хибемјаги стотина пати го гледал овој цртан со своите деца. Емитувањето на „Маша и мечокот“ почна 2009 година. Мошне брзо Хибемјаги заклучил дека во цртаниот филм е работи за примена на „мека сила“ од страна на Русија.

„Тоа е борба за мозоците, дел од хибридното војување во кое негативниот лик се заменува со позитивен. Пораката на Русија се прифаќа без филтер. Русија е прекрасна земја каде живеат Маша и Мечокот“, вели тој, пренесува ИноСМИ.  

А шта има лошо во тоа што децата ќе ја видат Русија без баластот на историјата од неодамнешното минато?

„Се работи за тоа дека Русија се обидува да ги разниша основните темели на Естонија. Наметнувањето на позитивни слики за Русија врз децата е опасно за безбедноста на Естонија. Доколку Русија се однесува пријателски, се би било сјајно“, вели Хибемјаги.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња