По повод 75-годишнината од бунтот во нацистичкиот концентрационен логор Собибор, Амбасадата на Русија заедно со Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ја организираат изложбата „Собибор“.
Предвидени се обраќања на генералниот и извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикарио и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин.
Настанот ќе се одржи на 16.10.2018 со почеток во 19:30 часот во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се вели во соопштението на „Фејсбук“ страницата на Амбасадата на Русија во Македонија.