Сведоштва за ужасите на фашизмот

Фотографија од лична архива

Фотографија од лична архива

Павел Маркович Рубинчик се нарекува себеси случајно преживеан. Ветеран на Големата татковинска војна, поранешен затвореник во фашистичките концентрациони логори и во гетото, основач на музејот на Холокаустот, за читателите на „Руска реч на македонски“ зборува за своите сеќавања и за тоа колку пати успеал по чудо да се спаси од смртта.

Павел Маркович се запознал со војната кога имал тринаесет години. Два дена пред почетокот на војната ова дете го испратиле во пионерско одморалиште во близина на Минск, главниот град на денешна Белорусија. Веќе во 5-6 часот наутро на 25 јуни 1941 година, три дена по почетокот на војната, кога таа дошла и до Минск, во одморалиштето почнале да доаѓаат родителите по своите деца. Тие раскажувале дека над Минск небото не се гледа, само германски авиони. Од бомбите градот горел. „60 метри во висина се гледаше пламен, се чинеше дека ноќта исчезнала“, раскажува Павел. 

Животот во гето и во концентрационен логор 

Родителите на Павел не биле во Минск каде што избегал тој. На 19 јули била издадена наредба: луѓето од еврејска националност да се соберат и да живеат во одделна населба. Оваа населба се нарекувала „гето“. „Во детскиот дом нè хранеа, а таму живееја скелетчиња. Ми дадоа кола. И два месеци јас ги возев овие скелетчиња изнемоштени од глад на гробишта и ги фрлав во масовни гробници“. 

„Потоа нè однесоа во концентрационен логор, нè тераа да работиме во работилници за оружје. Работевме по 14-15 часа на ден. Еднаш дневно ни даваа да јадеме супа од глави од харинга. Затоа јас дури пред две години почнав да јадам харинга. Порано не можев дури ни да ја гледам“. 

Преживеав само благодарение на еден Германец кој се викаше Паул. Тој ми носеше котлиња за миење. А, во котлињата имаше останато храна. Тоа беше мојот спас“. 

Чудесен спас 

„Бевме опкружени со густа бодликава ограда, околу одеа војници со кучиња. Со другар ми се договоривме да избегаме навечер. Одеднаш навечер нè собраа, некој се обидел да избега. Го фатија, пред нас го истепаа и го обесија. Но, ние сепак решивме да избегаме. Си помисливме: ако ни е таква судбината, утре и ние тука ќе висиме. 

Направивме дупка, бегавме кон железничката пруга. И одеднаш, сосема случајно, покрај нас помина товарен воз. Се закачивме за него и отидовме. Другар ми го влечеше по земја, а потоа јас го повлеков. По 20 километри скокнавме од возот во движење и се стркалавме по трева. Бевме целите искривени. Почнав да се допирам, дали ми се тука рацете, нозете. Почувствував дека сум жив. На другар ми му беше полошо. 

Љубовта не познава граници
Осумдесетгодишната Елизабет Валтхелм во декември 2007 година дошла во амбасадата на Руската Федерација во Германија за да побара виза со цел да замине на Сибир, со намера да го посети некојси Иван Бивших, ветеран од Втората светска војна со кој не се видела 60 години и за кого своевремено сакала да се омажи. Тоа било продолжение на една исклучително трогателна љубов помеѓу млада Германка и советски војник.

Талкајќи по шумата десет дена, стасавме до партизанските одреди. Со другар ми имавме такво чувство за одмазда, што можевме да не спиеме со ноќи и постојано му велевме на командирот: Дајте ни некаква задача“. Толку му дојдовме преку глава што понекогаш ни даваше такви задачи од кои претходните групи не се враќаа. Но, како што гледате, јас сум жив“. 

Во војната бев ранет и добив контузија на 17 години. Дојдоа да ме закопаат, и за чудо, виделе дека сум жив. Ме испратија на лекување, а јас почнав да ги барам моите родители. Ги најдов. По војната татко ми ме натера да учам. На училиште бев огромно момче помеѓу деца. Минав низ војна, но уката ја бев заборавил. Понекогаш ме исмејуваа. Од мене беше задоволна само наставничката по германски јазик. Оди и не исполни ја наредбата на Германецот кој ти се обратил во концентрациониот логор. Така и научивме германски. Инаку, ќе нè отепаа. 

Шеф на погребалниот тим 

Денес Павел Маркович е прв човек на организацијата на Евреи-инвалиди, поранешни затвореници во фашистичките концентрациони логори и гета и основач на Музејот на холокаустот во Санкт Петербург. Тој самиот две години минал во концентрационен логор. На почетокот во организацијата имало 550 души од Санкт Петербург и 70 од Северозападниот регион. Во рок од 20 години нивниот број се намалил за двапати. Павел Маркович вели: Многумина повеќе не излегуваат од дома. Ние се обидуваме да ги поддржиме, им испраќаме патронажни сестри. Имаме дури и германска волонтерка. 

Тој воздивнува. „Толку многу често сме на гробишта, што на шега се нарекуваме погребален тим. Ете, и мене скоро ќе ми дојде редот. Им велам на луѓето: Време ми е да си одам. А, тие не сакаат да се разделат од мене“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња