Шест најдобри руски филмови за Чеченските војни

Култура
БОРИС ЕГОРОВ
На болната страна на руската историја, Чеченските војни, посветени им се значајни филмови од доцните деведесетти години и од минатата деценија.

Контролен пункт (1998)

Руски војници го бранат оддалечениот контролен пункт во Чеченија каде се одвива војна. Агресивни локални жители, инспектори на ОБСЕ кои внимателно го следат секој чекор на војниците и скриени снајперисти го прават овој филм мошне напнат.

Кавкаскиот заробеник (1996)

Двајца руски војници се заробени за време на Првата чеченска војница. Ги има заробено Абдул Мурат кој е подготвен да ги размени за својот син кого го држат Русите. Но, договорот се изјаловува и војниците решаваат да ризикуваат и да се обидат да избегаат,

Овој филм може да се погледне со титли на англиски јазик тука.

Порта на бурата (2006)

Овој телевизиски филм во четири продолженија ја следи четата на полковникот Доронин која е испратена на Северен Кавказ за да брани стратешки важен планински превој. Се очекува дека мисијата ќе биде едноставна, но четата ненадејно е опколена од страна на илјада чеченски терористи. Како што можете да замислите, ситуацијата мошне бргу станува пеколна.

Чистилиште (1997)

Неверојатниот натуралистички филм „Чистилиште“ е приказна за битката кај Грозни во Првата чеченска војна од 1994 до 1995. Филмот содржи експлицитни и застрашувачки сцени поради кои многумина гледачи немаат сила да го догледаат до крај.

Војна (2002)

Еден млад руски војник и еден Британец успеваат да преживеат заробеништво во Чеченија. Но, принудени се да се вратат на ужасите на војната, обидувајќи се да ги спасат оние што останале.

Пробој (2006)

Овој филм се засновува на реални настани од 2000 година за време на битката за котата 776 во Втората чеченска војна. Дваесетина припадници на десантните сили се судира со 2.500 чеченски борци и арапски платеници. Само шестмина војници успеваат да преживеат.

Прочитајте исто така 5 руски филмови кои го освоија светот.