Никита Михалков со ќерката Надја на доделување на Оскарите
М. Гнисјук/SputnikПод овој наслов филмот е познат во Америка, а неговиот оригинален наслов е „Поразот на германската војска под Москва“. Документарниот филм е сниман во воените години, од октомври 1941 до јануари 1942, кога германските трупи се приближуваа до главниот град на Советскиот Сојуз, а граѓаните организирано се подготвуваа за одбрана.
Филмската адаптација на познатиот роман на Лав Толстој го освои Оскарот за најдобар филм на странски јазик во 1969 година. Тоа беше одговорот на познатиот актер и режисер Сергеј Бондарчук на холивудската верзија од 1956 година. Филмот е сниман шест години, во него учествуваа вистински воени единици, сошиени се неколку илјади костими.
Советско-јапонскиот филм што го режираше легендарниот Акира Куросава е приказна за возбудливото и опасно патување на рускиот истражувач Владимир Арсенев и локален жител на далекуисточниот Усуриски крај, кој ги поставува прашањата за цивилизацијата, природата, судбината и местото на човекот во светот.
Ова е приказна за девојки од провинцијата кои доаѓаат во Москва кон крајот на 50-те. Во потрага по среќата тие минуваат низ големи искушенија, тешки времиња, но пронаоѓаат начин да преживеат во немилосрдниот град. Велат дека пред средбата со Михаил Горбачов американскиот претседател Роналд Реган го гледал овој филм дури осум пати за да ја сфати таинствената руска душа.
Единствениот постсоветски филм награден со Оскар е драмата на Никита Михалков. Во 1936 година, во пресрет на големата Сталинска чистка, легендарниот командант Сергеј Котов ги поминува мирните летни денови со своето семејство и пријателите на село. Меѓутоа, се појавува Митја, поранеше пријател на жената на Котов и никој не очекува дека овој учтив, образован, талентиран човек е Сталинов џелат кој дошол по душата на Котов.
Александар Петров освои Оскар за својот краток анимиран филм според книгата на Ернест Хемингвеј.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче