Дронови „чувари“ ќе го штитат најпознатиот музеј на Русија

Култура
RUSSIA BEYOND

Музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург е дом на три милиони уметнички дела, од кои некои се навистина скапи, така што беше донесена одлука за надградба на неговото обезбедување.

„Ермитаж“ потпиша спогодба со Државниот универзитет за цивилна авијација на Санкт Петербург кој ќе му достави на музејот високотехнолошки дронови. Персоналот ќе ги користи за да го надгледува тлото од него, така што идните крадци се веќе предупредени: наскоро ќе биде потешко од кога било да се ограби музејот.

„Толпите народ кои го полнат музејот можат да се споредат со оние на аеродромите на големите руски градови“, велат од музејот, затоа е убаво да се има некаков механички пријател што лета за да внимава за секој случај.

Прочитајте повеќе: Ноќ во спалната соба на царицата: Сибирец пиел во музеј и украл статуа