Вечерта на 25 октомври жителите на Санкт Петербург беа сведоци на неверојатен спектакл: Ермитаж повторно стана црвен, каков што бил за време на револуцијата 1917 година.
Освен тоа, повторно проработи часовникот во малата, Бела трпезарија на дворецот, кој застана за време на револуцијата во 2:10 часот по полноќ. Тогаш болшевиците влегоа во дворецот и ги уапсија преостанатите претставници на привремената влада. Часовникот оттогаш покажуваше исто време како потсетување на овој историски настан.
Музејот исто така отвори изложба посветена на годишнината од револуцијата во 1917 година, а на плоштадот на дворецот можеа да се слушнат стихови на поетите од тоа време: Блок, Гипиус и Ахматова, како и делови од балетот „Оревокршачка“ и операта „Борис Годунов”. Изложбата ќе биде отворена до 2 февруари 1918 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче