Рускиот Версај

Убавините на Санкт Петербург и Петровдворец.


Петровдворец или Петерхоф е комплекс палати подигнати од Петар I во 1714 година. Фонтаните и водените каскади се изградени во 1720 година и се највисоки од ваков вид во светот. Палатата, заедно со прекрасните градини чинат еден навистина магичен комплекс.
Го нарекуваат „рускиот Версај“ и е под заштита на УНЕСКО, како дел од светското културно наследство. Отворањето на сезоната на фонтаните е на 18 мај, со што започнува и туристичката сезона во Санкт Петербург, кој своите гости за прв пат во поголем обем ќе ги дочека со подигнати мостови и бели ноќи од 15 мај до 10 јуни.
Доколку имате прилика, драги читатели на Руска реч на македонски, ова не смеете да го пропуштите, а ако не, барем уживајте во нашето денешно видео.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња