За навивачите на СП во фудбал-2018 ќе бидат организирани посебни обиколки на московското метро

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Доколку досега не сте влегле во московското метро, не можете да кажете дека сте ја виделе Москва, затоа што подземната железница е една од главните атракции на главниот руски град, исто како Кремљ и Третјаковската галерија.

За време на Светското првенство во фудбал ова лето московското метро и Музејот на Москва во соработка со туроператорот „Метро-Тур“ ќе им понудат на гостите на рускиот главен град кои дошле да навиваат за своите репрезентации обиколки на метро станиците со водич на англиски јазик.

По маршрутата под назив „Традиционалната архитектура на московското метро и новиот изглед на градскиот превоз“ ќе поминете по најубавите станици на градот и ќе дознаете како се градени и декорирани. Туристите исто така ќе имаат можност да се возат со новите надземни возови по линијата која се вика МЦК (Московски централен прстен) и да го разгледаат градот. 

Обиколката на метрото ќе чини 1000 рубли (14 евра). За повеќе информации посетете го веб-сајтот mosburo.com.

Прочитајте повеќе за Московското метро: Подземен споменик на архитектурата