Премиерата на новиот руски филм „Собибор“ на 14 мај во Скопје

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На 14 мај во Кинотеката на Македонија во Скопје премиерно ќе биде прикажан најновиот руски филм за единственото успешно масовно бегство од германски концентрационен логор во Втората светска војна.

Филмот е заснован врз настани кои се одиграа во текот на Големата Татковинска војна во нацистичкиот логор на смртта „Собибор“ во Полска. Во октомври 1943 година, поручникот на советската војска Александар Печерски, кој како заробеник се наоѓа во логорот, за само три недели успева да организира бунт на затворениците од земјите на западна Европа и Полска- единствениот успешен бунт во нацистички логор на смртта.

Еден од најпопуларните руски филмски актери Константин Хабенски со овој филм дебитира како режисер и ја толкува улогата на Александар Печерски.

Премиерата на филмот се одржува во рамките на прославата по повод 73-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна.

Прочитајте зошто треба да го гледате новиот руски филм „Собибор“