5 најдобри современи руски филмови за Втора светска војна

Фотографија: kinopoisk.ru

Фотографија: kinopoisk.ru

Во последниве десетина години во руската кинематографија е обновена советската традиција за снимање квалитетни воени филмови. „Руска реч на македонски“ за вас ги избра 5 најдобри современи руски филмови посветени на Втората светска војна.

1. „Во август 1944.” ( „В августе 44-го”)

2001, режисер: Михаил Пташук

На територијата на Белорусија која ја ослободила советската војска редовно се емитува програма на радиостаницата со повикувачки знак „КАО“, во која се пренесуваат шифрирани пораки со податоци за советската војска. Одред советски контраразузнавачи тргнуваат во потрага по шпионите.

Филмот е снимен врз основа на романот на Владимир Богомолов „Момент на вистината“, Богомолов уште во 1975 година го запрел снимањето што го водел литванскиот режисер Витаутас Жалакјавичијус, па дури и го тужел филмското студио „Мосфилм“, сакајќи да го забрани снимањето на филмот врз основа на неговиот роман. 25 години подоцна за малку истото не се случи со филмот на Михаил Птаушка. Богомолов сметаше дека од неговиот роман е направен „Холивудски акционен филм“, и, иако филмот имаше голем успех кај гледачите, бараше неговото име да се тргне од шпицата.

2. „Ѕвезда” („Звезда”)

(2002, режисер: Николај Лебедев)

„Ѕвезда“ е конспиративно име на група советски разузнавачи кои летото 1944 година заминуваат на територија под германска контрола со цел да ги откријат тајните податоци и преку радиостаница да ѝ ја јават на командата локацијата на можниот непријателски напад.

На снимањето на филмот е користена оригинална воена техника од времето на Втората светска војна од колекцијата на советските филмски студија. Николај Лебедев сакал да сними динамичен и затегнат трилер кој според својот крајно натуралистички пристап претставува контраст во однос на претходните екранизации на истоимената новела на Емануил Казакевич, снимена 1949 година.

3. „Кукавица” ( „Кукушка”)

2002, режисер: Александар Рогошкин

Неколку дена пред излегувањето на Финска од Втората светска војна Германците за време на повлекувањето го заковале финскиот снајперист Вејка на ѕид и му облекле СС-униформа за да не се предаде во заробеништво. Истовремено стражарите до местото на сослушувањето го спроведуваат капетанот на Црвената армија Иван, кој врз основа на дојава е обвинет за предавство на земјата. Но, стражарите на Иван гинат во бомбардирање недалеку од местото каде се наоѓа финскиот снајперист. Лапонката Ани во својот дом ги прима двајцата војници од спротивставените армии.

Филмот е снимен на ридовите над градот Кандалакша на брегот на Бело море во Мурманската област, недалеку од финската граница. Името на филмот има двојна смисла: кукавица (птица) е назив за финските снајперисти, и воедно така од лапонски јазик се преведува името на главната хероина. Актерката Ани-Кристина Јуусо која ја игра улогата на Ани и самата е Лапонка. Пред снимањето работела на финското радио и не зборувала руски.

4. „Брестовската тврдина”  „Брестская крепость”

2010, режисер: Александар Кот

Германската војска ја минува границата на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година. Еден од првите напади на Германците бил на Брестовската тврдина кај градот Брест во денешна Белорусија. Одбраната на тврдината се концентрира во три жаришта на отпорот. Нив ги предводи еден мајор.

Интересно е што за време на снимањето (а, филмот е сниман и на територијата на Брестовската тврдина) на некои делови од теренот се пронајдени неактивирани гранати, муниција и германски гумен чамец.

Филмот е прикажан во две верзија. Киноверзијата е прикажана во 2010 година, а во 2011 е емитувана продолжена телевизиска верзија во четири епизоди под називот „Тврдина“.Интересно е што за време на снимањето (а, филмот е сниман и на територијата на Брестовската тврдина) на некои делови од теренот се пронајдени неактивирани гранати, муниција и германски гумен чамец.

5. „Белиот тигар” ( „Белый тигр”)

2012, режисер: Карен Шахназаров

На фронтот се шират гласови за непобедливиот германски тенк „Бел тигар“ кој се појавува неочекувано и исто така неочекувано исчезнува, успевајќи притоа да уништи десетици советски тенкови. Советската команда создава модел на тенкот Т-34-85 специјално за борба против „белиот тигар“.

Филмот-алегорија е снимен според мотивите на романот на Иљја Бојашов „Тенкист“. „Бел тигар“ е најголем проект на режисерот Карен Шахназаров кој е уверен дека секој режисер од неговата генерација (Шахназаров е роден 1952 година) треба да сними филм за војната. Филмот се снимаше три и пол години, по што Русија го номинираше „Бел тигар“ за наградата „Оскар“ во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња