Кадар од филмот „Нељубов“
Kinopoisk.ruСекој од филмовите на Андреј Звјагинцев е голем настан во светот на филмот и обично е проследен со награди. „Нељубов“ ја освои Наградата на жирито на Канскиот филмски фестивал-2017 и сега Русија го одбра како свој претставник за 90 издание на Наградите на американската филмска академија, соопштува РИА „Новости“.
Европските земји застанаа во ред за да ги купат правата за прикажување на „Нељубов“ долго пред официјалната промоција на филмот. Еден млад пар е на работ на развод. Тие одлучуваат да го испратат својот син во дом за сираци, но несвесно забораваат на одлуката следниот ден бидејќи се премногу зафатени со сопствениот живот и момчето исчезнува. Заплетот како да е филм со потрага (сличен на „Исчезната девојка“ (Gone Girl) или „Трагачи“ (The Searchers), но на филозофско ниво,како што вели филмскиот критичар Антон Долан, тие едноставно не ја пребаруваат само земјата надвор, туку и бараат нешто внатре во себе. Критичарот, исто така, забележува дека актерите и дијалогот се чинат сосем природни, дури и за време на еротските сцени.
Претходниот филм на Звјагинцев „Левијатан“ исто така беше номиниран за „Оскар“ за „Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“ во 2014 година, ја освои наградата Златен глобус и ја доби наградата за најдобро сценарио на 67 Кански Фестивал.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче