Кога советските кошаркари во финале ги победија Американците: Снимен филм за Минхен 1972

Kinopoisk
„Движење нагоре“ (Движение вверх) е филм за подвизите на кои се способни руските спортисти.

На 28 декември во руските кина ќе почне да се прикажува филм за познатата победа на советската кошарка во финалето на Олимписките игри во Минхен во 1972 година против Американците.

Главните улоги ги играат ѕвездите на рускиот филм Владимир Машков (во улога на тренерот Владимир Кондрашин), Сергеј Гармаш, Марат Башаров и Андреј Смољаков, додека улогите на некои кошаркари ги толкуваат професионални спортисти. 

Овие денови, кога Меѓународниот олимписки комитет им забрани на руските спортисти да се натпреваруваат под свое знаме на Олимписките игри во Јужна Кореја, филмот на Антон Мегердичев е најдоброто што може да го подигне нивото на самодоверба на домашните спортисти, пишуваат медиумите, и додаваат дека во филмот нема ни нападна пропаганда, ни претеран патриотизам, кои се чести гревови на рускиот филм за спортот.

Таа далечна 1972 година на крајот на последниот натпревар против репрезентацијата на СССР Американците имаа предност од еден кош (50:49) и дури и почнаа да ја прославуваат победата. Меѓутоа, откако тренерот на СССР Кондрашин побара тајм-аут, часовникот беше вратен за три секунди, а натпреварот продолжен. Советскиот кошаркар Александар Белов го постигна победничкиот кош - 51:50. Американците залудно протестираа. Нивната официјална жалба беше одбиена, па затоа одбија да ги примат сребрените медали.

Прочитајте зошто советските спортисти ја пропуштија Летната олимпијада 1984?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња