Новата епизода од анимираната серија „Маша и мечокот“ на студиото „Анимакорд“ (Animaccord), серија која ги освои срцата на гледачите ширум светот беше закачена на Јутјуб на 14 октомври и за три дена беше погледана од повеќе од 7,4 милиони луѓе.
Епизодата се нарекува „Играта заврши“ (Game over) и ја раскажува приказната за мечокот кој почнува да страда од игроманија и кого не можат да го оттргнат од компјутерот дури ни неговите најблиски пријатели:
Во моментов каналот „Маша и мечокот“ на Јутјуб има околу 7,4 милиони потписници од разни земји. Серијата се прикажува во 22 земји, а една од епизодите – „Маша плус каша“ стана рекордер на истиот канал, собирајќи речиси 1,7 милијарди прегледи:
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче