Извор: kinopoisk.ru
Руската анимирана серија „Маша и Мечокот“ ја доби престижната награда Kidscreen Awards 2015 во номинацијата за најдобра анимација. Ова го соопшти продуцентот на серијата Дмитриј Ловејко.
„Фактички ова е прво признание за руската сериска анимација на меѓународно професионално ниво. Оваа награда е своевиден аналог на детски Оскар за телевизиската индустрија, а тоа зборува дека домашната анимација се кренала на апсолутно ново ниво“, подвлекува продуцентот.
Kidscreen Awards е една од главните награди во светот на комерцијалната анимација која се доделува во категориите „Програма за деца“ и „Емитување за деца“. Церемонијата на наградувањето се случува секоја година во Мајами.
Цртаниот филм „Маша и Мечокот“, „Алиса знае што треба да се прави!“, „Снежната кралица“ и други имаат голем успех на меѓународните филмски пазари. Така, правата за прикажување и за дистрибуција на „Маша и Мечокот“ беа продадени на компаниите Turner (Cartoon Network), France Television, KIKA, Sony Music, NBC Universal. Каналот на оваа серија на Јутјуб се искачи меѓу лидерите на рејтингот на најпопуларниот Интернет-ресурс – 20 место според резултатите за 2014 година. Во моментов бројот на прегледи на „Маша и Мечокот“ на оваа платформа надмина 2.5 милијарди, а според темпото на месечен пораст на гледачите (280 милиони) серијата ги надмина каналите на Disney Car Toys и рок-групата Maroon 5. Освен „Маша и Мечокот“ во првата стотка најпопуларни канали на Јутјуб за 2014 година влегоа исто така и „Лунтик“ (59 место) и „Барбоскини“ (69 место).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче