Новата епизода од „Маша и мечокот“ посветена на Велигден

„Маша и мечокот“, најпопуларната серија во светот на YouTube, новата епизода ја посвети на Велигден.

Во епизодата „Изненадување! Изненадување!“ волците крадат од живинарска фарма еден петел со надеж дека тој ќе им снесе јајца, а Маша и зајакот според руската традиција вапсаат јајца за да им подарат на пријателите.

 

Епизодата беше објавена на 7 април, досега има над 12 милиони прегледи.

Претходно, на 15 март, друга епизода од серијата  - „Маша плус каша“ – го зазеде петтото место по популарност во целата историја на YouTube со 2 милијарди прегледи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња