Државниот музеј на Петерхоф во близина на Санкт Петербург стана најпосетениот во Русија во 2017 година со повеќе од 5,3 милиони посетители, соопшти Министерството за култура на Русија. Заменик-раководителот на музејот Роман Ковриков вели дека има 200000 повеќе луѓе отколку минатата година, а 40 отсто од посетителите се странски туристи.
Петерхоф е мал град на 47 километри од Санкт Петербург. Во 18 и 19 век беше летна резиденција на руските цареви и понекогаш се нарекува и „руски Версај“. Палатата и градините заедно со градот се прогласени за светско културно наследство на УНЕСКО.
За каков музеј станува збор, погледнете го нашето видео Рускиот Версај.