Храмот на свети Исак во Санкт Петербург, кој е познат како Исакиевски храм, е уникатен споменик на архитектурата. Императорот Александар Први ја иницирал изградбата на овој храм на местото на една црква која порано се наоѓала тука. На конкурсот победил проектот на францускиот архитект Огист Монефран. Храмот е граден 40 години. Свечено е отворен во јуни 1858 година. Оваа црква ја опеале многу поети и писатели, кои биле фасцинирани од нејзините огромни размери. На пример, Фјодор Тјутчев пишува: Гледав стоејќи на брегот на Нева / Како низ мраз и магла / Свети златната купола / На Исакија-гигантот.
Владимир Астапкович/РИА НовостиХрамот на свети Исак во 1928 година е претворен во музеј. Првата изложба била посветена на историјата на изградбата на храмот. За време на војната во оваа црква биле евакуирани уметничките дела од другите градски музеи. Германската артилерија го користела Исакиевскиот храм како ориентир и затоа не го гаѓала. Од 1931 до 1986 година под куполата на црквата висело најтешкото Фуково клатно на светот. Тоа е справа која покажува како Земјата се врти околу својата оска. // На фотографијата: Поглед на Мариинскиот дворец (Законодавното собрание) од надворешниот балкон на Исакиевскиот храм во Санкт Петербург.
Алексеј Даничев/РИА НовостиХрамот има три олтари – централен, посветен на свети Исак Далматски, левиот е посветен на свети Александар Невски, а десниот е посветен на светата великомаченица Екатерина. Една од најголемите светињи на храмот е копијата на Тихвинската икона на Пресвета Богородица.
Алексеј Даничев/РИА НовостиСега богослужбите се вршат во само еден спореден олтар, додека служби во централниот олтар се вршат само на големи црковни празници. Сè уште приоритет се екскурзиите и туристичките услуги. // На фотографијата: Момче за време на литургија во Храмот на свети Исак.04/24/2016
Игор Русак/РИА НовостиЗа две години Исакиевскиот храм ќе биде предаден на Руската православна црква на користење во текот на следните 49 години. Тогаш ќе престане да се наплатува влез во храмот. Противниците на оваа одлука сметаат дека градот Санкт Петербург и самиот храм на тој начин остануваат без голем извор на финансирање. Сега, кога храмот се користи само како музеј, влезницата чини 250 рубли (4.2 американски долари), а екскурзија низ храмот на странски јазик чини од 1.000 до 3.000 рубли (од 16.8 до 50.3 американски долари), во зависност од бројот на туристи.
Алексеј Даничев/РИА НовостиПротивниците на одлуката мислат дека богослужбите ќе ја ограничат можноста за туристички посети на храмот. Но, Санктпетербуршката митрополија и портпаролот на губернаторот на Санкт Петербург потврдија дека храмот по предавањето на Руската православна црква ќе биде отворен за екскурзии и ќе ја зачува својата музејска функција.
Ник Марков/Global Look PressСпоред информациите на сајтот на Сојузот на музеи на Русија, Исакиевскиот храм во текот на 2016 година го посетиле 2.3 милиони туристи и остварен е приход од 783 милиони рубли (13.13 милиони американски долари). Од тоа над 100 милиони рубли (1.68 милиони американски долари) се потрошени на реставрација, а 100 милиони рубли се уплатени во буџетот. Храмот ќе остане во сопственост на градот Санкт Петербург, а сите трошоци за реставрацијата на храмот по предавањето на Руската православна црква исто така ќе ги преземе градот, додека одржувањето на храмот и опслужувањето на другите потреби ќе ги плаќа митрополијата.
Алексеј Даничев/РИА НовостиХрамот е висок 101.5 метри. По Петропавловскиот храм е најголемото здание во Петербург. На височина од 43 метри се наоѓаат надворешни балкони со столбови од кои се гледа целиот град. Ова е една од најпосетените знаменитости на Санкт Петербург. За украсување на внатрешноста на храмовите се потрошени 400 килограми злато, 16 тони малахит, 500 килограми лазурит и 1.000 тони бронза. // На фотографијата: Искачување на надворешен балкон на Исакиевскиот храм.
Алексеј Даничев/РИА НовостиХрамот е украсен со скулптури на ангели, евангелисти и апостоли. На балустрадата на главната купола се наоѓаат 24 скулптури на ангели и архангели. // На фотографијата: Месечината во заднината на композицијата од скулптурите на храмот.
Владимир Астапкович/РИА НовостиХрамот на свети Исак е еден од објектите кој послужи како „платно за мултимедијалното светлосно 3Д шоу за време на Фестивалот на ефекти во ноември 2016 година.
Сергеј Николаев/Global Look PressПретплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче