Стефан Зарковски, ученик во СОУ „Перо Наков“ во Куманово, во конкуренција на ученици од околу 30 земји, го освои второто место во категоријата Б1 на Меѓународниот натпревар по руски јазик.
Натпреварот беше во организација на Федералната државна буџетска образовна установа за високо образование Башкирски државен универзитет со поддршка од Министерството за образование и наука на Руската Федерација и фондацијата „Руски мир“.
Зарковски, под менторство на неговиот наставник по руски јазик Билјана Коцевска, ги помина двата елиминациски круга и се најде во финалето на натпреварот што се одржуваше од 13 до 17 декември во Москва.
Наградите на победниците им беа врачени во Општествената палата на Руската Федерација.