Двосмислено овошје и зеленчук

Јагодата има „пикантно“ значење. Јаготката (рус. „клубничка“) е симбол на нешто еротско. Фотографија: Klesta.

Јагодата има „пикантно“ значење. Јаготката (рус. „клубничка“) е симбол на нешто еротско. Фотографија: Klesta.

Лето е времето кога се собираат летните плодови, а тоа е вистинско време за разговор околу тоа каква двојна смисла можат да носат називите на даровите на природата. „Руска реч на македонски“ ќе ви објасни што е тоа електрична круша, еротска јагода, буржоаски ананас и цар Грашок, и ќе ви посака што повеќе малини во животот, а исто така и сите работи да ви завршуваат со вишна!

„Најпозитивното“ овошје во рускиот јазик се малината и вишната. За комфорен живот се вели: „Не е живот, туку вистински малини“, а ако се планира ефектно завршување на некој процес, тогаш тоа се нарекува „вишна на тортата“. 

Јагодата има „пикантно“ значење. Јаготката (рус. „клубничка“) е симбол на нешто еротско. Во „Мртви души“ од Гогољ се среќаваат во тоа значење изразите „да ги искористиш јаготките“(рус. „попользоваться насчет клубнички“), а значењето, претпоставуваме, не треба одделно да се објаснува. Денес со овие зборови се означува печатен или видеоматеријал („за возрасни“). 

Кљуквата, еден вид брусница, (vaccinium oxycoccus, рус. „клюква“) се користи за означување фалбаџиски и нестварни приказни и измислици. Особено често се користи изразот „разгранета кљуква“(рус. „развесистая клюква“), најчесто кога станува збор за очигледна пропагандна лага. А, кога станува збор за некои луѓе кои „не се баш цвеќе за мирисање“, па сакаме да кажеме дека не се знае кој од нив е полош, се вели дека тие се „бобинки од иста полјана“(рус. „одного поля ягода“). 

Доколку некаде е многу тесно поради тоа што има многу луѓе, се вели дека „јаболко нема каде да падне“. Честа е и синтагмата „јаболко на раздорот“, која потекнува од старогрчките митови. Така се вели и за она што е причина за несогласување и за спорови. Крушата се споменува во една детска загатка: „Круша виси, а не смее да се јаде“ (решение: електрична светилка; иако денес поголемиот дел од светилките немаат облик кој потсетува на круша). 

Јади ананас, ждери тетребу, твојот последен ден иде, буржоажиште! 

Владимир Мајаковски

Ананасот одамна се смета за симбол на раскошот. Тој може да се сретне во стиховите на двајца поети од почетокот на 20 век. Двата стиха сега се веќе крилатици. Игор Северјанин раскошот го опишал на следниов начин: Ананас во шампањското! Ананас во шампањското„... Сиот сум во нешто норвешко! Сиот сум сличен на Шпанец!„ Наспроти него, Владимир Мајаковски со жештина го одбива овој раскош: Јади ананас, ждери тетребу, твојот последен ден иде, буржоажиште! Кога станува збор за бананата, тие своето метафорично значење го добиле пред крајот на 20 век. Така на училиште се нарекува незадоволителната оцена, а тоа во Русија е „двојката“. За волја на вистината оваа цифра и не личи многу на банана. За време на осумдесеттите години од минатиот век со ова овошје се нарекувале панталони со специфичен крој. Тие навистина по обликот изгледале како ова егзотично овошје. 

7 руски народни гестови
Зошто Русите ја кинат кошулата на градите, фрлаат капата на земја и покажуваат шипинки и „козји рогови“? Да го дешифрираме рускиот народен јазик на гестови.

Тиквата и репата се метафорични називи за глава. Ако некој ве удрил по глава, тоа значи дека „сте добиле по тиквата“. А, ако„ја чешате репата“, значи дека сте нерешителни и дека ја удирате главата за да решите некој важен животен проблем. Во друго, древно значење репата е симбол на нешто елементарно, примитивно, на нешто за што се вели дека е „поедноставно од варена репа“. 

Зелката во жаргон значи пари. Освен тоа, и децата се „најдени во зелка“ (барем така им се вели на децата кога прашуваат како дошле на светов). Морковот е влезен во јазикот како стимуланс за човек кому некоја работа тешко му паѓа. Нему му се „покажува морков“ или го „задеваат со морков“. Кромидот се користи во синтагмата „кромидова неволја“(рус. „горе луковое“), а тоа се вели и за некој глупав и расеан човек кој носи само непријатности. Со помош на компирот може да се окарактеризира нечиј изглед. Имено, за дебел и безобличен нос се вели дека е „како компир“.

„Пченкарник“ е посебен вид лесен авион кој се користи во земјоделската авијација. Ваквиот ироничен прекар на почетокот на шеесеттите години од минатиот век добил и советскиот лидер Никита Хрушчов, зашто сметал дека проблемот со прехранбените производи можат да се решат со одгледување пченка, па затоа почнал да ја сади низ целата земја (популарна парола од тие години била „пченката е кралица на полињата“). 

Ренот се среќава во неколку идиоматски изрази. Сите тие имаат малку груба конотација. Човек кој повеќе не е млад со презир се нарекува „стар рен“. „Нема ни рен“ во жаргон значи дека „нема баш ништо“, а „ќе добиеш рен“ значи дека „нема да добиеш ништо“. Од друга страна, идиомот „баш ниту рен“(рус. „ни хрена себе“) има сосема поинаква смисла. Во младешкиот жаргон се среќава и пиперката. За привлечните момчиња се вели дека се „лути пиперчиња“(рус. „крутые перцы“). 

И грашокот има разни метафорични значења. „Како грашок по ѕид“ се вели за некој што долго и безуспешно се обидува да убеди некого во нешто. Човек на чие однесување луѓето се исмеваат се нарекува шут, а кога некој сака да ја зајакне презрената конотација, се вели дека е „шут од грашок“(рус. „шут гороховый“). А, ако е потребно да се каже дека нешто се случило многу одамна, се вели дека тоа било „за време на царот Грашок“(рус. „при царе Горохе“). 

Кога се останува со празни раце се вели „останува на боб“(рус. „остаться на бобах“). А, „да се даде за ореви“ значи многу да се искара, да се искритикува. И, секако, кога некој ги користи резултатите од работата, тој всушност „ги собира плодовите“. 

Ви посакуваме што повеќе малини и... чувајте ја тиквата!

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња