Дина ќе настапи шеста на Евровизија

Годинава Русија на Евровизија ќе ја претставува Дина Гарипова, која го доби прекарот „руска Адел“. Извор: Руслан Рошчупкин / РИА Новости.

Годинава Русија на Евровизија ќе ја претставува Дина Гарипова, која го доби прекарот „руска Адел“. Извор: Руслан Рошчупкин / РИА Новости.

Во шведскиот град Малме беше одржана ждрепка на учесниците во полуфиналните вечери на Евровизија 2013. Извлекувањето на учесниците се одржа во присуство на продуцентите на настанот и под незаменливото раководство на претставникот на Европската Радиодифузна унија (EBU) – извршниот супервизор Норвежанецот Јон Ола Санд.

Дина Гарипова има помалку шанси да „прегори“ и премногу да се вознемири и во овој правец шестиот реден број е многу добар. 

Русија ќе настапува под реден број 6 во првото полуфинале, кое ќе се одржи на 14 мај. Исходот не е најпозитивен, зашто практиката покажува дека најголем успех постигнуваат учесниците што настапуваат или на крајот или на самиот почеток, зашто токму тие им остануваат во сеќавањето на телевизиските гледачи во Европа. А, местата во средината се оценуваат како не многу поволни. „Веројатноста да се загубиш е поголема на сред пазар“, се шегуваат обично самите учесници на Евровизија. Но, затоа Дина Гарипова има помалку шанси да „прегори“ и премногу да се вознемири и во овој правец шестиот реден број е многу добар. Токму ќе има и време за да се подготви за својот настап. 

Дина Гарипова не присуствуваше на ждрепката во Малме, таа продолжи со своите проби во Москва и понекогаш заминува на интервјуа или на кратки настапи во оние земји, кои ѝ се ривали во првото полуфинале. 

Во финалето што ќе се одржи во Малме на 18 мај, влегуваат по десет победници од секое полуфинале, а на нив ќе им се придружат петте земји-организатори на Евровизија, кои според правилата влегуваат директно во финалето, а тоа се Велика Британија, Германија, Италија, Франција и Шпанија, како и минатогодишниот победник Шведска. 

Ова е списокот на земјите што ќе настапуваат во првите две полуфиналиња: 

Прво полуфинале, Малме, Шведска, 14 мај 

1. Австрија

2. Естонија

3. Словенија

4. Хрватска

5. Данска

6. Русија

7. Украина

8. Холандија

9. Црна Гора

10. Литванија

11. Белорусија

12. Молдавија

13. Ирска

14. Кипар

15. Белгија

16. Србија 


Второ полуфинале, Малме, Шведска, 16 мај 

1. Латвија

2. Сан-Марино

3. Македонија

4. Азербејџан

5. Финска

6. Малта

7. Бугарија

8. Исланд

9. Грција

10. Израел

11. Ерменија

12. Унгарија

13. Норвешка

14. Албанија

15. Грузија

16. Швајцарија

17. Романија

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња